Конечно! Високи потпетици удобни како патики

Астронаутите и научниците го направија она што дизајнерите не можеа и им ги скратија маките на жените на оваа планета! Ова се првите чевли на високи потпетици кои се удобни како да носите патики.



Иако има помалку и повеќе удобни чевли со високи потпетици, мора да признаеме дека ниту едни од нив не можеме да ги карактеризираме како навистина пријатни за носење. Токму затоа, Доли Синг, основачка на модно-технолошката компанија Thesis Couture, тврди дека со ангажирање на астронаути, ортопеди и врвни научници во тимот, ја пронашле формулата за удобност.

Имено, со спојување на модата, науката и анатомијата, намесно класична метална конструкција, Доли и нејзините научници избрале квалитетна пластика и полимер, благодарение на кои чевлите би требало да бидат исклучително удобни за носење.

Секако, таа признава дека новите чевли со високи потпетици нема да бидат буквално исто пријатни како да носите патики, но тврди дека жените конечно ќе почувствуваат драматична разлика.



Костурот на чевлите се наоѓа во Сингапур, а кожата за нивната изработка ќе се набавува од Италија и Бразил.

На самиот почеток ќе се продаваат во ограничено издание, а 1500 среќници ќе можат да ги набават на есен оваа година, кога ќе излезат во продажба за прв пат.

Овој удобен изум ќе чини 610 фунти, односно околу 50,5 илјади денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби