Златен пресек: Скарлет и Ким со најсовршени тела

Како изгледа совршената жена?

Ако се водиме по математиката и пропорциите тогаш холивудската актерка Скарлет Јохансон е најблизу до идеалот за убавина.

Според студијата што ја спроведе брендот за долна облека Bluebella, а е базирана врз основа на Златниот пресек телото кое што го поседува Јохансон во однос на пропорциите е блиску до совршенство.

Своевремено античките Грци тврделе дека постои Златен пресек за сите нешта кои имаат тенденција кон совршенство, па така соодносот во обемот на градите, половината и бутините на Скарлет е најблизу до идеалниот кој изнесува 1.618.

Претходно научниците го аплицираа Златниот пресек со цел да го пронајдат идеалното лице. Според пресметките втора која се доближува со совршеното тело е Ким Кардашијан со 96, 3 проценти, а по неа е британската актерка Хелен Мирен со 95, 6 проценти. Четврта е Мерлин Монро, додека на петтото место се пласира бујната Кели Брук.

Bluebella дошла до Златниот пресек за време на истражувањето на пазарот поврзано со големината на долна облека за следната сезона.

Додека ги разгледувале фотографиите од светски познатите дами дошле до заклучок повеќето од нив горе –долу се блиску до Златниот пресек и покрај тоа што постои голема разлика во фигурата на женските тела.

-Правиме најразлични истражувања за да бидеме сигурни дека нашата долна облека совршено му одговара на телото и се вклопува во трендовите. Работевме со компјутерска симулација на познати жени кога случајно забележавме дека фигурата на Јохансон е најблиску до совршениот Златен пресек, велат од компанијата.

Златниот пресек изнесува 1.618. За да дознаете дали  вашето тело е приближно до овој број треба да ја го измерите своето тело и тоа: најширокиот дел од градите (B), најтенкиот дел од половината (W) и најширокиот дел од колковите (H). Потоа измерете го растојанието од градите до половината (BW) и растојанието од половината до колковите (HW).

Потоа пресметајте:
(B-W) x BW x 0.5 = Гради
(H-W) x HW x 0.5 = Колкови
Гради + Колкови/ Колкови = Вашиот Златен пресек



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби