Како изгледа да си во брак без секс?

Сексот е мошне значаен дел од секоја врска, па сосема разбирливо е зошто многу бракови поминуваат низ криза кога овој аспект од врската не функционира како што треба.

Според истражувањата секој 5-ти човек кој е во брак немал секс во изминатиов месец , а се повеќе сопружници започнуваат да живеат како цимери отколку како маж и жена.

Неколку жени откриваат како изгледа кога бракот ќе се претвори во врска во која сопружниците се однесуваат како брат и сестра и апстинираат од секс.

-Добивам разни изговори. Не е расположен, уморен е или пак го боли стомак. Се сомневам дека има низок тестостерон, но одбива да оди на лекар. Кога ќе спомнам дека ни недостига секс ја избегнува темата или почнува да се брани. Плачев додека му кажував колку се чувствувам непривлечно и дека сме се претвориле во цимери. Со текот на времето сфатив дека не ме разбира, па престанав да се обидувам, вели Хердер (32) која е во брак со својот сопруг веќе 10 години.

Слична приказна има 43-годишната Пени која е во брак 15 години.

- Во приликите кога очекував секс како годишнина од брак, роденден или годишен одмор, тој ме одбиваше. Бев очајна. Иако никогаш не се сметав себе си за најубавата жена на светот, сепак се чувствував привлечно и самоуверено. Сето тоа беше пред неговите одбивања. Не беше заинтересиран за проблемите околу сексот, ниту пак сакаше да побара помош. Јас побарав помош и сфатив дека проблемот не е во тоа што јас не сум привлечна.

Една од причините поради кои мажите се поретко имаат секс е ниското ниво на тестостерон кое се јавува кај секој четврт маж. Околу 12 проценти од припадниците на посилниот пол на возраст помеѓу 18 и 60 години имаат слабо либидо, а 16 проценти имаат некој облик на еректилна дисфункција.
-Јас отсекогаш бев иницијатор на секс во нашиот однос. Децата ме исцрпија, па престанав толку многу да иницирам секс. Одеднаш немаше повеќе секс. Ми се чини дека тој воопшто не беше заинтересиран за тоа ниту ме забележува. Се обидов да разговарам со него околу таа тема. Му читав статии, се облекував секси, сакав да направам пластична операција, но после сето тоа се чувствував лошо, а освен тоа немаше никаков резултат. Се чувствував како да молам за внимание. Ништо не ви значи кога го барате и го добивате, но не звучи искрено, објаснува една 30-годишна мајка на 3 деца.

Брачните советувачи велат дека главниот проблем во суштина не е самиот секс, туку недостатокот од емпатија и разбирање на сопружникот кој ги одбива. Во ситуации каде што има разбирање и двете страни прифаќаат дека постои проблем и се обидуваат да го разрешат, но кога некој од партнерите решава да го игнорира проблемот доведува до фрустрации и чувство на отфрленост.

Најлошиот начин за справување со оваа ситуација е да се обвини партнерот дека е неспособен и дека не си ја завршува брачната должност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби