Знаци на дијабетес кои не смеете да ги игнорирате

Пациентите заболени од дијабетес имаат поголем ризик од развој на болести на срцето и крвните садови. Оваа ни малку наивна болест во последните години зема голем замав. Се проценува дека во светот повеќе од 146 милиони луѓе боледуваат од дијабетес.



Шеќерната болест се манифестира на различни начини, а после 30-тата година од животот може нагло да се развие, што може да биде многу опасно. Доколку забележите некои од овие симптоми, би требало да се обратите кај вашиот лекар за да се осигурате.

Екстремна жед

Спаѓа во класичните знаци на дијабетес, а овој симптом се јавува како резултат на насобраниот шеќер во крвта, заради што бубрезите се принудени да работат повеќе за да го филтрираат и апсорбираат истиот. Вишокот шеќер се излачува низ урината, што предизвикува често мокрење, а потоа и дехидратација.

Замор

Големата исцрпеност и чувство дека никогаш не сте доволно наспани исто така спаѓа меѓу најчестите симптоми на дијабетесот. Доколку спиете помалку од шест часа, имате поголеми шанси да заболите од дијабетес. Доколку се открие дека сте во пред-дијабетес состојба, би морале да го промените начинот на живот за да ја спречите појавата на оваа болест.



Чувствителни непца

Шеќерната болест го слабее имунитетот, како и способноста на организмот да се бори против бактериите, што автоматски го зголемува ризикот од инфекции на непцата. Забите, исто така, стануваат почувствителни и помалку отпорни на кариес.

Бавно зараснување на раните

Високото ниво на шеќер во крвта негативно влијае на зараснувањето на раните и природниот процес на закрепнување на телото. Кај жените се изразени вагиналните инфекции, како и инфекциите на уринарниот тракт.

Депресија

Депресивните личности се повеќе склони кон заболување од дијабетес. Колку се симптомите поизразени, толку се поголеми шансите за настанување и развој на оваа болест. Жените имаат дури 17 проценти поголеми шанси да заболат од дијабетес доколку имаат проблеми со депресијата.



Замаглен вид

Ова е исто така еден од класичните симптоми на зголемено ниво на шеќер во крвта кој ја повлекува течноста од ткивата, па со самото тоа и од очните леќи. Како резултат доаѓа до замаглување на видот и оштетување на очните садови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби