Избркајте ги досадните комарци со растенија од вашата бавча

Со првиот топлотен бран пристигнуваат и комарците па сега е вистинско време да научите како да ги спречите непријатните убоди. Многу познати билки, може за многу брзо време да ги избркаат досадните инсекти. Некои од билките може да ги засадете и да ги одгледувате во вашата бавча, а нивните листови да ги искршите со прсти и потоа да ја намачкате кожата. Други билки чии етерични масла ги истеруваат комарците може лесно да ги пронајдете во продавниците.

Маточина



Во нашиот регион оваа билка е мошне распространета. Може да ја втриете на кожата и нејзиниот благ лимонов мирис ќе ги одбива комарците. Маточината е позната и како смирувачка антибактериска билка.

Валеријана (мачја трева)

Оваа мирисна билка која потекнува од фамилијата на ментолот во себе содржи непеталактон, кој одбива разни инсекти, а нејзиниот мирис на вашата кожа ќе ги избрка и комарците.

Лаванда



Моќната лаванда е позната како билка која ги брка комарците, а со нив и молците и мувите. Со оглед на јачината и интензитетот на нејзиниот специфичен мирис, може да обесете кесички лаванда низ дома. Ако не ги избркате инсектите на овој начин, тогаш втријте лаванда на вашата кожа.

Босилек

Комарците не можат да го поднесат мирисот на овој омилен зачин, а бројните истражувања покажуваат дека есенцијалните масла кои се наоѓаат во босилекот се токсични за комарците.

Жалфија и рузмарин



Ако планирате дружба на отворено, може да запалите мал оган во стара скара. Во неа ставете малку жалфија и рузмарин. Мирисот кој ќе се шири ќе биде пријатен за нос, но непријатен за комарците.

Цитронела

Оваа билка одамна е позната како една од билките кои ги брка комарците. Етерично масло од цитронела може да пронајдете во сите билни дрогерии. Помешајте го со природно масло за тело по своја желба и намачкајте се.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби