6 работи кои телото ни ги кажува со прекумерното потење

Дали често ве облева пот, без оглед на тоа кое годишно време е и колку е топло надвор? Можеби е време да го послушате вашето тело и да сфатите што тоа сака да ви порача со прекумерното потење.



Под стрес сте

По миризбата на потта лесно можете да препознаете дали сте под стрес. Кога ни е топло, во нашето тело се активираат екрините (мали) потни жлезди кои се наоѓаат насекаде по нашето тело и произведуваат пот која воглавно се состои од вода и соли и нема изразена миризба.

Кога сме под стрес, потта ја произведуваат апокрините (големи) потни жлезди, кои се наоѓаат само на одредени делови на телото, како на пример под пазувите. Таа пот се состои од масти и протеини, кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и на тој начин создаваат непријатна миризба.

Ширите позитива или страв



Истражувањата покажуваат дека луѓето во вашата близина може да препознаат што чувствувате според миризбата на вашата пот. Во еден експеримент, 36 жени биле задолжени да помирисаат примероци со пот на 12 мажи кои предходно гледале филмови кои имале за цел да ги направат среќни или да ги преплашат.

Кога жените ја помирисале потта на преплашените мажи, миризбата им предизвикала слична реакција на страв и гадење, а кога ја помирисале потта на среќните мажи, таа миризба во нив предизвикала блага реакција и насмевка.

Ви се заканува опасност од топлотен удар

Се шетате на врел летен ден и наеднаш во еден момент чувствувате дека повеќе не се потите и почнува да ви се врти. Тоа што сте го доживеале се нарекува анхидроза, состојба во која не можете нормално да се потите и за време на која вашето тело не може да се „олади“ преку потење.



Доколку во тој момент не го хидратизирате веднаш вашето тело со вода, ви се заканува опасност од топлотен удар. Засолнете се под сенка или во благо климатизирана просторија и напијте се вода. Никако немојте да пиете алкохолен пијалак или напиток со кофеин бидејќи истите предизвикуваат дехидрација.

Ви опаднал шеќерот во крвта

Зголеменото потење е еден од симптомите на нагло опаѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно можете да го решите со консумација на чоколадо, мармалад или било каков вид на слатки кои ќе ви се најдат при рака.

Трудни сте или влегувате во менопауза

Доколку постои можност да сте трудни или ви претстои менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокриниот систем може да предизвикаат зголемено потење. Токму тоа се случува кај повеќето жени кои влегуваат во менопауза и се борат со бранови на топлина кои ги облеваат.



Слична работа се случува и на почетокот на бременоста, кога хормоналните промени предизвикуваат промена во „термостатот“ на мозокот, кој заради можете да чувствувате топлина и да се потите дури и во силно климатизирана просторија.

Имате хипердироза

Доколку не можете да најдете причина за вашето прекумерно потење, закажете преглед кај лекарот бидејќи постои можност да имате хипердироза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење, кое ја преминува потребната и нормална терморегулација на телото. Луѓето кои имаат хипердироза се потат во моменти кога не би требало, на пример кога седат потполно мирни во ладна просторија. Нивното потење е зголемено до таа мера што и во такви моменти им се цеди пот од дланките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби