ШТО ВЕЛИ СТАТИСТИКАТА?

Бременост при боледување од рак: Дали е безбедно?

Ова е една од најтешките дилеми со кои се соочуваат жените на кои им бил дијагностицитан карцином и кои излегле како победници од тешката борба со таа опасна болест, како и оние жени на кои им е соопштена оваа дијагноза за време на бременост.



Лекарите велат дека бројот на жени кои пред бременоста воделе борба со оваа тешка болест расте, а повеќето од трудниците кај кои се забележува карцином, ја изнесуваат бременоста до крај и раѓаат здрави деца.

Жените сè подоцна се одлучуваат да раѓаат деца, а бременоста во подоцнежната животна доба и одложување на раѓањето носи поголем ризик жената да заболи од било која хронична болест, но и од карцином. Заради тоа гинеколозите постојано ги потсетуваат жените да раѓаат што порано, бидејќи како што поминуваат годините, на располагање имаат сè помалку јајце клетки, заради што забременувањето и одржувањето на бременоста станува сè потешко.

Имено, иако епидемиолошките студии кажуваат дека бременоста и ракот се здружени само во 0,1 проценти од случаите, но тој ризик се зголемува како што раѓањето сè повеќе се одложува.

Од друга страна, пак, статистиката е доста охрабрувачка бидејќи вели дека 77 проценти од жените помлади од 45 години го имаат победено карциномот.



Лекарите одговорно ги охрабруваат сите жени кои имале малиген тумор и кои се мотивирани да станат мајки, дека канцерот не претставува препрека за да се забремени, со напомена дека овие бремености сепак мора да се планираат и да се водат во специјализирани гинеколошки центри.

Исто така, важно е да се напомене дека е потребно да бидат поминати во просек две години од завршувањето на лекувањето, како жената би останала бремена.

За овие жени е познато дека имаат многу стравови, почнувајќи од тоа дали бременоста може да го поттикне враќањето на карциномот, преку стравот дали организмот кој бил претходно ослабен од борбата против малигната болест може да ја изнесе бременоста, па сè до тоа дали малигните гени ќе се пренесат на бебето. Сепак, благодарение на многубројните досегашни епидемиолошки студии, експертите истакнуваат дека овие грижи се најчесто беспотребни.

Меѓутоа, кога станува збор за хемотерапија, овој третман не е пожелен додека бебето се уште е во утробата на мајката, со цел да се избегне дури и најминималниот ризик за штетно влијание. Затоа, повеќето жени хемотерапијата ја добиваат по завршувањето на бременоста, со консултација со онколог.



Важно е да се напомене дека во лекувањето и планирањето на бременоста треба да учествува цел тим на лекари, во кој се наоѓаат гинеколог, онколог, перинатолог, хемотерапевт и други специјалисти.

Лекувањето на канцер во бременоста е многу деликатна работа, при која мора постојано да се внимава да се сочува здравјето на мајката, без при тоа да се загрози плодот. Најкомплицирано е кога малигната болест дава метастази и кога мора да се води борба за животот на мајката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби