6 ситуации кога сексот боли

Болката за време на сексуалниот однос не е нешто од кое што треба да се плашите. Понекогаш се случува поради недоволната навлажнетост или пак поради самата секс поза да почувствувате блага болка во вагината и гениталното подрачје. Сепак, кога болката се повторува или пак е пресилна време е да се консултирате со својот матичен гинеколог.

Проблем 1

Тип на болка: остра болка на едната страна од карлицата за време на пенетрацијата и тапа болка за време на месечниот циклус.

Можен проблем: полицистични јајници. Повеќето проблеми од овој тип се безопасни и исчезнуваат со текот на времето. Доколку ситуацијата се повторува консултирајте се со гинеколог, а во меѓувреме обидете се да најдете поза во која помалку ќе ја чувствувате болката.

Проблем 2

Тип на болка: чешање во гениталиите, надразнетост и пречувствителност на допир. По односот вагината е црвена, а вие имате чувство како да гори.

Можен проблем: габична инфекција. Иако кај повеќето жени овие инфекции се пропратени со засилен секрет со специфичен мирис понекогаш сексот може да биде единствениот индикатор дека нешто не е во ред

Проблем 3

Тип на болка: во текот на односот имате чувство дека пенисот удира во нешто. Освен тоа имате болни менструации, па дури и болки во грбот кога уринирате.

Можен проблем: бенигни израстоци на матката односно фиброиди. Гинекологот може да утврди дали ги имате овие израстоци, која е нивната големина и да го определи начинот на нивното лечење.

Проблем 4

Тип на болка: чувство на прободување во гениталиите кое трае подолго време, па дури и предиграта ве боли. Освен тоа имате болки доколку седите подолго време, возите велосипед или ставете тампон.

Можен проблем: вулводинија-болна состојба што може да влијае врз целото генитално подрачје. Проблемите настануваат кога нервите на срамните усни се надразнети и иритирани.

Проблем 5

Тип на болка: болка во вагината и чувство на иритација за време на односот

Можен проблем: недоволно навлажнета вагина. Освен поради недоволната опуштеност вагината може да биде сува и поради користење на антидепресиви, анти-беби пилули, доење, менопауза. Проблемот со сувата вагина можете да го решите со лубрикант на база на вода.

Проблем 6

Тип на болка: за време на односот чувствувате болка во целото подрачје помеѓу колковите или пак имате постојано потреба за уринирање кое е пропратено со пецкање.

Можен проблем: инфекција на уринарниот тракт. Доколку имате хронично воспаление потребно е веднаш да се консултирате со својот гинеколог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби