Лекови кои треба да ги понесете на летниот одмор

Кога одиме на летен одмор, покрај костимот за капење и млекото за сончање, како задолжителна опрема мораме да понесеме и прирачна аптека.

Бидејќи никогаш не знаеме што може да се случи за време на тие 10-тина дена, во неа мора да се најдат лекови за симнување на температура, лекови против болка, маст против алергија, пробиотици...

При пакување на куферите, многумина земаат на брзина само два-три лека, а често се испоставува дека недостасува баш тоа што ни е потребно. Лекарите советуваат што точно треба да понесеме, па затоа пред да тргнете проверете го овој список:

- Лекови за симнување на температура, заедно со лековите против болки треба да ви бидат први на список.



- Алергиите се честа појава на море, дури и кај оние кои никогаш претходно немале алергиска реакција на сонце или на одредени намирници. Покрај таблетите, задолжително понесете и маст против алергија, која ќе ви помогне и кај убодите од инсекти и медузи.

- Морската вода ги отпушува синусите, но како што секретот се слева, доаѓа до запушување на носот кај лицата кои имаат проблеми со синусите. Затоа, треба да понесете капки и спреј за грло, затоа што секретот во комбинација со солената вода може да ја иритира слузокожата.

- Дијареата може да се јави заради промена на храна, клима, па дури и ладната вода, а не само заради бактерии и вируси. Задолжително спакувајте пробиотици, кои ја регулираат цревната флора.

- Педијатрите ги советуваат родителите на малите деца, за секој случај, да понесат и препарати кои помагаат кај инфекции на очите и ушите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби