Чудесен напиток: Совршена линија и сјајна кожа за 10 дена

Лененото семе содржи безброј корисни компоненти, кои вклучуваат витамини, минерали, масни киселини и влакна, кои ја нормализираат работата на цревата.



Овој вид на семе го чисти организмот од токсини, го нормализира метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го намалува апетитот. При тоа, апсорбира одредени состојки од храната која ја внесуваме, ги чисти цревата и истовремено го обезбедува организмот со лецитин.

Работата е во тоа што масните киселини, кои во себе ги содржи лененото семе, го активираат масното ткиво во телото, помагајќи го неговото топење. Токму затоа ова е идеалната намирница која ќе ви помогне успешно да ослабете.

Од лененото семе се прави напиток, кој има огомен спектар на позитивно дејство врз целокупниот организам, а кој ќе ви помогне на здрав начин да ги изгубите вишокот килограми, без диета и гладување, како и да ја одржувате посакуваната тежина без јо-јо ефект.



Препорачан од многу нутриционисти, овој напиток е исто така многу лековит и особено корисен за луѓето кои патат од гастритис, чир на желудникот, хроничен затвор и хемороиди, а ќе ви помогне и во лечење на циститис.

Подготовка

Навечер направете го следното: 3 лажици ленено семе, прелијте ги со 1 литар свежо зовриена вода. Оставете да отстои во текот на ноќта. Најдобро е да користите термос. Доколку немате, користете лонец или сад со капак. Следното утро процедете. Ќе добиете малку густ и слузав, но вкусен напиток кој треба да го испиете. По желба можете добиениот напиток да го засладите со мед.Семките кои ќе ви останат по процедувањето немојте да ги фрлате, туку консумирајте ги заедно со појадокот и вечерата.



Начин на консумација

Процедениот напиток се консумира во текот на целиот ден, 3-4 пати по 150 мл, половина час пред оброкот.

Напитокот се подготвува секоја вечер за следниот ден. Немојте да правите залихи, бидејќи истиот мора да се консумира свежо подготвен.

Напитокот од ленено семе се консумира вкупно 10 дена по ред, после кои се прави пауза од 10 дена, па така повторно се продолжува (со истите паузи) сè до постигнувањето на посакуваниот резултат.

Примена

На тој начин можете да ја регулирате телесната тежина. Не создава зависност, слабеете здраво и сигурно. Сето тоа е индивидуално, но со цел да се намали телесната тежина, потребни се 3-5 вакви третмани.

Пијте многу вода во текот на денот.



Резултати

Овој напиток успешно го намалува апетитот, така што лесно ќе постигнете брзи резултати доколку го користите со цел да ослабете.

Со редовна консумација, ќе забележите и позитивни промени во состојбата на кожата, која станува здрава, затегната и еластична.

За време на слабеењето, кожата нема да се опушти, а што е уште подобро – од дејството на напитокот ќе изчезнува и целулитот.

Контраиндикации

И покрај сите корисни особини на ленот, сепак постојат и контраиндикации кои можат да настанат со неговата консумација. Овој напиток не се препорачува за консумација во следните случаи:

- при проблеми со црниот дроб (доколку немате сериозна болест, дозата можете да ја намалите и да бидете под строга контрола)

- при присуство на камења во бубрезите (ленот активно ги извлекува песокот и камењата, но тој процес треба да се држи под лекарски надзор)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби