КАКО НАЈБРЗО ДА СОГОРИТЕ МАСНО ТКИВО?

Топ 6 летни активности за екстра „топење“ масти

Како што времето станува сè потопло, така затворените сали за вежбање сè повеќе се празнат, а вежбачите ги изведуваат своите омилени активности под отворено небо. Токму заради тоа, ги издвоивме шесте најефикасни активности кои се извршуваат на отворено, кои согоруваат најмногу масно ткиво и калории и кои максимално го забрзуваат метаболизмот.

Возење ролерки – согорува 425 калории за 30 минути



Возењето ролери е број еден за согорување на масното ткиво и калориите. Неговата максимална ефикасност доаѓа од наизменичните потези на бутовите и мускулите на задникот, на едната, па на другата страна. Голем плус на возењето ролерки е тоа што се постигнува голем ефект без да се создава голем притисок врз колената и другите зглобови. Возете со силен и едноличен ритам.

За поголем ефект: Возете со промена на темпо - после една минута силно возење, настапете со една минута умерен ритам.

Трчање – согорува 374 калории за 30 минути



Луѓето кои постојано џогираат се витки и слаби, а за тоа постои и сосема издржана причина – најголемите мускули кои се користат кај трчањето, а кои се наоѓаат на нозете, задникот, грбот и стомакот, се мускули кои согоруваат најмногу масно ткиво и калории во телото. За максимална ефикасност, трчајте држејќи ги рацете близу телото, немојте да се навалувате нанапред и држете ги стапалата што поблиску до тлото. За да го намалите притисокот врз зглобовите, трудете се меко да стапнувате на земјата.

За поголем ефект: Трчајте наизменично во брзи и бавни интервали, или трчајте по угорница.

Скокање со јаже – согорува 340 калории за 30 минути



За да го извлечете максимумот, држете ги нозете малку раширени, телото нека ви биде исправено, а при скокањето нозете нека ви останат што поблиску до подот. Оваа вежба можете да ја изведувате и без јаже. Ефектот ќе биде ист.

За поголем ефект: Често менувајте ја брзината во интервали, како и стилот на прескокнување (со една и со двете нозе заедно), а можете и да го прескокнувате јажето додека трчате.

Хулахоп – согорува 300 калории за 30 минути



За одржување на совршена форма и тенка половина, поп дивата Бијонси и актерката Мариса Томеи вртат хулахоп.

Започнете така што едната нога ќе ја ставите пред другата и префрлајте ја тежината нанапред и наназад во исто време, правејќи кругови со телото. Не грижете доколку не можете веднаш да ја совладате мајсторијата на вртењето хулахоп бидејќи и како почетници ќе согорувате многу калоии, а вештината ќе ви се подобрува со секое следно вртење.

Тенис – согорува 272 калории за 30 минути



За да играте тенис не ви е потребен партнер, ниту тениско игралиште. Сè што ви треба е рамен ѕид или гаражна врата од која можете да го одбивате топчето. Наизменично користете форхенд и бекхенд за да видите колку одбивања ќе успеете да направите со ред пред да го промашите топчето.

Дури и само да вежбате сервис, организмот ќе ви ги согорува мастите и калориите бидејќи ќе мора да трчате и да се наведнувате за да го земете топчето кое сте го промашиле.

За поголем ефект: Обидете се да го одбиете топчето 50 до 100 пати по ред. Зададете си ја таа цел и на тој начин ќе се поттикнете што повеќе да се трудите за да ја постигнете.

Енергично одење – согорува 170 калории за 30 минути



Морате да одите толку брзо што ќе ви биде тешко да разговарате во исто време. За да го извлечете максимумот од најголемите мускули кои согоруваат калории (нозе, задник, стомак и грб), одете со кратки и брзи чекори, држете се исправено, а рацете движете ги нанапред и наназад, со свиткани лакти.

За подобар ефект: Две минути енергично одење заменете ги со една минута одење најбрзо што можете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби