Неколку трикови за инстант освежување

Можеби на почеток на летото, температурите не беа ветувачки, но сега кога веќе помина променливото време се најавуваат мошне високи температури. Со цел да се избориме со жештината, ви претставуваме неколку трикови.



Спреј од ментол

Подгответе чај од ментол и ставете го во фрижидер да се излади. Кога добро ќе се излади, ставете го во шишенце со прскалка, па со тоа попрскајте ја кожата. Содржината на ментол во течноста ќе ви го разлади телото многу подобро од водата.

Чај од хризантема



Се верува дека чајот од хризантема ја намалува температурата на телото без оглед дали надворешната температура е ниска или висока. Побарајте хризантема во сите добро снабдени билни аптеки.

Дишете преку завиткан јазик

Можеби звучи смешно, но делува. Завиткајте го јазикот така што надворешните делови ќе ги завиткате навнатре, па потоа полека земете воздух. Почекајте неколку секунди па испуштете го воздухот низ носот. Ова повторете го 10-ина пати и ќе имате чувство дека сте се освежиле.

Изладете го воздухот со вентилатор



Замрзнете неколку шишиња вода и ставете ги пред вентилаторот, па до вас ќе допира ладен воздух. Пред да ја замрзнете водата ставете и сол, за да остане подолго време замрзната.

Изладете го душекот

Земете вреќички со леден гел и ставете ги на душекот под чаршавот. Потрудете се да си обезбедите максимален комфор така што вреќичките ќе ги распоредите близу до вашите стапала, врат и половината. Слична алтернатива се и платнени торби полни со ориз кои претходно сте ги замрзнале. Оризот има способност долго да држи ниска температура.

Алое вера



Општо познато е дека алое верата помага при изгореници од сонце, но кремите на база на оваа билка може да ви помогнат да се разладите. Постојат и рецепти за правење спреј за разладување од алое вера, во комбинација со ментол и босилек.

Разладување на постелнината

Неколку часа пред да си легнете, извадете го чаршавот од креветот, завиткајте го и ставете го во пластично кесе, па во ладилник. Кога ќе сакате да си легнете на вашата спална, извадете ги ладните чаршафи и на тој начин имајте мирни и ладни соништа во врелите ноќи.

Ладен туш



Кога не успевате со ништо да се разладите, тогаш решението е во ладниот туш. Ова е најефикасен начин да ја држите температурата на телото во нормала, па кога ќе почувствувате дека навистина ви е топло, освежете се до млака вода.

Разладување на критични места

Разладувањето понекогаш може да биде многу едноставно. Пробајте само да ставете шише ладна вода на зглобовите, вратот и задниот дел на коленото и за миг ќе се разладите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби