Зошто е кафето забрането во лето?

Поголемиот дел од нас не можат ни да замислат да го започнат денот без омилениот црн напиток. Меѓутоа, кога  времето надвор е пеколно топло, попаметно би било да го избегнувате, особено во попладневните часови.



Еве зошто:

Срце

Проблемот е во тоа што кафето (како и црниот чај) содржи многу кофеин, супстанца која го подигнува крвниот притисок, го забрзува пулсот, а дури и може да предизвика прескокнување на срцето. Тоа подигнување на притисокот е само моментално, а токму после престанувањето на дејството на кофеинот, во комбинација со високите температури, може да ви се слоши или да ве погоди инфаркт или мозочен удар.

Потење

Кофеинот е силен диуретик, што значи дека поттикнува брзо излачување на течности од организмот, било преку потење, било преку честа посета на тоалетот – што доведува до дехидрација. Проблемот е всушност во тоа што заедно со течностите, од телото се исфрлаат и многу потребни минерали, како што се солите, железото, магнезиумот и калциумот.

Убавина

Уште една лоша работа за оние кои овие денови имаат можност да се сончаат и сакаат да добијат што поубав тен, е тоа што со своето својство на дехидрација, кафето ја суши кожата и на тој начин води кон побрзо создавање на брчки.

Расположение

Што се однесува на душевната состојба, ни овде кафето и жештината не се добра комбинација, бидејќи кафето го зајакнува лачењето на хормоните на стрес, адреналин и кортизол, што во задушливиот градски превоз без клима уред може да ви ги зголеми симптомите на анксиозност, но и да ве доведе до тоа да ви се намали нивото на шеќер во крвта и да ви се слоши.

Несоница

Летните денови се подолги, а за време на врелите ноќи и онака помалку спиеме, па така кафето, кое ни ја зголемува будноста, дефинитивно не му е пријател на квалитетниот сон.

Ледено кафе - најлоша комбинација

Особено е опасно доколку се определите за ледено кафе со многу шеќер и млеко. Не само што е во прашање калориска бомба која ве дебелее, туку никако не е добро ни за здравјето.

Нивото на шеќер во крвта нагло ќе ви се зголеми, а исто така никогаш нема да можете да бидете сигурни во квалитетот на млекото, што може во најмала рака да ве „закова“ за WC шолјата.

Доколку морате...

Доколку од кафето сте зависни до таа мера што веќе однапред знаете дека нема да го послушате советот да не пиете кафе во овие тропски бранови, испијте само едно и тоа црно – без шеќер и млеко, но никако на празен желудник. Исто така, иако звучи нелогично, експертите советуваат дека кафето треба да биде топло. Имено, топлите напитоци и супите, дури и на најлошите температури, ја поттикнуваат терморегулацијата на телото и после иницијалниот топлотен шок, ни даваат чувство дека сме се разладиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби