Консумирал по 40 лажички шеќер на ден - еве што му се случило!

Овој човек се хранел здраво со години, а потоа за целите на овој експеримент одлучил во својот организам да внесува големи количини на шеќер.

Тоа што не јадете слатки, не мора да значи дека не внесувате опасна количина на шеќери во организмот секојдневно.

Прочитајте што му се случило на еден Австралијанец, кој се хранел здраво со години, а потоа за целите на овој експеримент одлучил во својот организам да внесува големи количини на шеќер. Ова е неговата приказна:



Како и секој слободен маж во своите 30-ти години, имав многу лоши навики. Пушев по кутија цигари дневно, а што се однесуваше на исхраната, воопшто не внимавав што внесувам.

Но, како што обично се случува со мажите, запознав преубава жена заради која се преправав дека ме интересираат секакви работи, за кои всушност немав ни поим. Здравата храна, шејковите од кељ и краставица, авокадото и лебот од семки од чиа – сето тоа стана дел од мојот живот.

До тогаш консумирав околу 30 кафени лажички шеќер на ден дополнително, како и секоја просечна личност која сака благи работи, а потоа таа бројка ја намалив речиси на нула.



После два месеци, луѓето започнаа да забележуваат позитивни промени на мојот изглед – кожата ми стана почиста, повеќе немав подочници и значајно го намалив стомакот.

Три години подоцна, добив понуда да снимам краток филм, а со оглед на тоа што на големо се зборуваше за штетното влијание на шеќерот, добив идеја тоа да биде документарец кој ќе го обработува токму овој проблем. Имено, кога е во прашање шеќерот, луѓето обично се делат на два табори. Едните велат дека шеќерот е отровен и дека треба во потполност да се избегнува, додека другите сметаат дека истиот претставува важен елемент на исхраната. Токму затоа одлучив да направам мал експеримент.

Почнав дневно да консумирам по 40 кафени лажички шеќер дополнително, низ производи кои сите ги јадеме, сокови, слатки и останати намирници. Организирав тим на лекари кои беа задолжени да ги следат промените во мојот организам во траење од 60 дена. Прекинав со мојата здрава исхрана, како би можел да ги документирам резултатите од експериментот и да и ги претставам на јавноста во форма на документарец.



Пред да започнеме со снимање, сосема престанав да јадам слатки. Дали знаете дека сосовите за скара и слатките чили сосови содржат повеќе калории од сирупот од чоколадо? Па така, целата количина на шеќер која ја внесував потекнуваше исклучиво од производите како што се житарици, јогурт и разни спортски напитоци. Сите останати навики ги задржав со цел резултатите да бидат што попрецизни.

На почетокот ретки беа луѓето кои пројавија интерес за мојот филм, но потоа се случи нешто што направи пресврт. За само 12 дена накачив 3 килограми, а после 18 дена лекарите ми дијагностицираа замастен црн дроб.

Всушност, нашиот црн дроб го претвора вишокот на шеќери во масти, па затоа многу луѓе на Запад имаат замастен црн дроб. Токму ова беше главниот факт на кој го базиравме филмот.



Му се јавив на продуцентот и му ги соопштив резултатите, па интересот за филмот доби сосема друга димензија. Истиот е направен за да им биде интересен за гледање и на децата и на возрасните, што беше и целта – да продреме низ завесата на незнаењето и да испратиме порака токму до оние луѓе на кои им е најпотребна.

Резултати

До крајот на експериментот се здебелив 8,5 килограми, развив склоност кон дијабетес тип 2, имав замастен црн дроб, зголемен ризик од срцеви заболувања и зголемен обем на половината за 10 сантиметри.

Шеќерот е една од најголемите опасности на денешницата, кој тивко ги убива луѓето. Тој ги активира истите центри во мозокот како и кокаинот или сексот, па токму затоа луѓето стануваат зависни од нездравиот начин на исхрана.

Погледнете го официјалниот трејлер за The Sugar Film:

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби