Најдобра храна со која ќе ги ставите хормоните под контрола

Балансираната исхрана е клуч за доброто здравје, но и за убавиот изглед. За жените да имаат беспрекорна и мазна кожа, потребна им е храна која го балансира нивото на хормоните во телото - храна која го намалува тестостеронот и го зголемува естрогенот.

Еве ги најдобрите намирници за тоа:

Квиноја



За разлика од останатите житарки кои имаат висок гликемиски индекс и можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта, квинојата е сложен јаглехидрат со висок процент на протеини кои помагаат да се одржи нивото на шеќер стабилно. На овој начин се спречува домино ефектот, со кој високиот шеќер го зголемува производството на инсулин во организмот, а со тоа и нивото на тестостерон.

Обидете се да ги замените лебот и белиот ориз со оваа житарка богата со магнезиум и фосфор, барем два пати неделно, а нутриционистите тврдат дека ќе изгледате многу подобро и ќе се чувствувате одлично.

Бадеми



Доколку имате проблеми со кожата, посегнете по бадемите. Овие јаткасти плодови ќе го зголемат нивото на адипонектин, кој го регулира нивото на шеќер во крвта и го спречува порастот на тестостерон во организмот. Бадемите се и добри сојузници во борбата против сувата и тенка кожа, која обично е последица на големо ниво на тестостерон во организмот. Препорачаната дневна доза изнесува 11 бадемчиња.

Авокадо



Добрите масти од авокадото (или маслиновото масло) содржат високо ниво на добриот холестерол, кој ги одржува хормоните во рамнотежа. Здравите масти го поттикнуваат производството на липиди кои ја прават кожата силна, еластична и сјајна. Авокадото инаку е богато со растителни влакна, калиум, витамин Ц и Е, како и лутеин, кој ги спречува негативните последици кои сончањето ги предизвикува во организмот.

Нутриционистите препорачуваат секој ден да се консумира по половина авокадо.

Лосос



Кралот меѓу рибите го чува здравјето на срцето и мозокот, а помага и во одржување на добриот баланс на хормоните. Исто како и авокадото, содржи омега 3 масни киселини, кои го балансираат нивото на холестерол во крвта и ги држи хормоните „под контрола“. Лососот има и антивоспалителни својства, кои можат да ја спречат појавата на акни и екцеми на кожата. Најдобро би било да се јаде по 200 грама од оваа риба на ден.

Јајца



Заради високото ниво на холестерол, жолчката со години ја биеше лош глас. Новите истражувања докажаа дека јајцата навистина содржат високо ниво на добар холестерол, но дека консумацијата на целите јајца е важна за балансирање на хормоните во организмот, а тоа води кон мека и нежна кожа. Оптимално е да се јаде по едно јајце на ден.

Брокула



Брокулата, како и спанаќот и прокељот, содржи состојки кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да го метаболизира естрогенот. Соодветното ниво на хормонот естроген го зголемува колагенот, што ја прави кожата затегната и мазна. Овој тип на зеленчук најдобро е да се јаде подготвен на пареа, секој ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби