Секојдневни навики со кои ја уништувате вагината

Како што ни се забрзува темпото на живеење, забораваме дека клучот за доброто здравје е да живееме што поприродно, односно да не го нарушуваме природниот баланс со разни хемикалии и постапки, кои се дел од нашето секојдневие бидејќи се најпрактични.



Каков што е случајот со секој орган истото важи и за вагината – правиме работи со кои не сме ни свесни дека си го загрозуваме здравјето. Најчестата е претерување со хигинеата, односно очекувањето дека вагината теба да мириса на цвеќиња.

Следните неколку совети кои се наведени во продолжение најчесто не ги практикуваме, со што придонесуваме за нарушување на здравјето на вагината. Еве на што треба да обрнете внимание доколку сакате да имате здрава вагина:

Најдобро решение е само вода

Иако постојат разни препарати со неутрална pH вредност наменети за хигиена на вагината, експертите предуредуваат дека ни тие не се здрави за употреба, заради киселата pH вредност на слузницата во вагината, која треба да остане таква. За одржување на хигиената, тие препорачуваат почести миења само со обична вода.

Пробиотиците се неопходни за здрава вагина



Доколку сте жена, имате уште една причина плус зошто треба да консумирате пробиотски млечни производи, како што се јогуртот, кефирот и киселото млеко. Имено, добрите бактерии кои се наоѓаат во нив, се најдобри природни сојузници за здрав и балансиран бактериски состав во вагината. Доколку, пак, сте под антибиотска терапија, внесот на пробиотските млечни производи треба дополнително да го зголемите, за да избегнете нарушување на pH вредноста во вагината, што води кон развој на инфекции.

Внимателно со употребата на прашок за перење и омекнувач

Инвазивните прашоци за перење кои се направени од разни хемикалии и пружаат пријатна миризба, всушност го иритираат гениталното подрачје и го нарушуваат вагиналното здравје. Затоа, за перење на долната облека најдобро е да користите хипоалергенски средства за перење без мирис, наменети за чувствителна кожа.

Дневните влошки и тампоните се најголем извор на инфекции



Иако дневните влошки се промовираат како нужни, реалноста е дека истите се сосема непотребни. Гинеколозите предупредуваат дека постојаното користење на секојдневни влошки, како и тампоните при менструација, не се добри за здравјето на вагината, бидејќи создаваат средина за развој на инфекции. Доколку морате да користите тампони, задолжително менувајте ги на секои 2-3 часа.

Тесните фармерки придонесуваат за развој на габични инфекции

Уште една работа која не и’ дозволува на вагината да „дише“ се тесните фармерки. Најдобро е да носите поширока облека направена од природни материјали. Истото се однесува и на долната облека. Неприродниот синтетички состав на материјалот на долната облека, особено кога е тесна, го заробува природното излачување на вагината и го поттикнува размножувањето на бактериите и габичките. Најдобар избор секогаш е памукот.

Одржувајте ја сува!



Вагината по својата природа е влажна, а количината на влагата зависи од фазата на циклусот, како и сексуалната возбуденост. Но, во летниот период здравјето на жените е загрозено од надворешната влажност. Имено, костимите за капење кои не овозможуваат нормално сушење и ја задржуваат влажноста во пределот на вагината, создаваат идеална средина за размножување на габички и бактерии, кои создаваат инфекции и појава на сврбеж и пецкање. За да го зачувате здравјето, секогаш носете резервен костим за капење, кој ќе го смените со водениот веднаш штом излезете од вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби