За оралното здравје на секој поединец се грижат стоматолозите кои ја следат состојбата на усната шуплина преку редовни шестмесечни прегледи и зависно од потребите, даваат разни совети. Но, за својата усна хигиена првенствено треба да се грижите самите.
Применувајте ги следните совети и имајте здрави заби како никогаш до сега!
Лична хигиена
Користењето четки и пасти за заби е најчест и највообичаен начин, бидејќи со четката се отстрануваат сите наслаги од забите, непцата и јазикот, што придонесува до чиста и свежа уста. Забите и устата неопходно е да се мијат по два пати дневно, наутро веднаш по станување и навечер пред спиење.
Четки за заби
Четките за орална хигиена се разликуваат по големина, острина, како и од материјалите од кои се направени. Денес, освен стандардните, постојат и електрични четки кои мошне добро ја вадат насобраната храна. Исто така, на пазарот постојат и посебни интердентални четки наменети за чистење на потешко достапните места во устата, односно одржување на фиксни и ортодоксни протези. Со оглед на големата и различна понуда на четки, правилниот избор е прв чекот кон добрата орална хигиена.
Пасти за заби
Повеќето пасти за заби кои се користат во секојдневната употреба, во својот состав ги имаат сите потребни состојки кои допринесуваат за квалитетна употреба. Основната и најважна состојка во пастата е флуорот, кој се наоѓа во облик на натриум флорид или монофлуорофосат, а овде спаѓаат и разните абразиви, засладувачи, бои и разни ароми.
Забен конец
Забниот конец е важен дел за оралната хигиена бидејќи со негово редовно користење се врши превенција на болестите на непцата и забите. Посебно е добар кај чистењето меѓу два заба, односно местата каде што стандардната четка за заби не може да допре.
Правилна исхрана
Во секојдневната прехрана во организмот се внесува храна со различни состојки и количини. Поради здравјето на забите, но и општото здравје, потребно е да се води сметка за што поголемо внесување на сирова, непреработена храна, како што се овошјето и зеленчукот. Многу е важно навечер пред спиење, откако ќе измиете заби, да не внесувате храна, бидејќи токму тоа време е совршено за развивање на кариес.
Течност за миење на устата
Користењето на течноста за миење на уста е исто така од големо значење. Течностите најчесто содржат хлорхексидин или флуор и се користат исклучиво преку совет од стоматолог.
Редовни контроли кај стоматолог
Штом ве заболи заб добро е веднаш да се обратите кај вашиот матичен стоматолог. Доколку немате проблеми, тогаш се препорачува да се јавувате на контроли на секои шест месеци. Стоматологот ќе ви ги даде потребните совети и ќе се грижи најдобро за вашите заби.
Но, запомнете, најголемо влијание имате вие самите!