Клучен услов за вежбање при високи температури

Деновиве тепмературите се неподносливи, дури и во вечерните часови, со што значајно ни се отежнуваат секојдневните активности. Вежбањето за многумина не доаѓа во предвид во таквите услови. Интензивната физичка активност воопшто не се препорачува при високи температури, особено не доколку директно сте изложени на сонце.



Сепак, ако сте толку голем ентузијаст и не сакате да се откажете од редовниот тренинг, покрај засолнувањето од сонце, мора да испочитувате уште еден клучен услов доколку сакате да извлечете „жива глава“. Тоа е да не заборавате со себе да носите шише со вода и редовно да се хидрирате.

Доколку почувствувате дека ве боли главата и ви е мачно, тоа се симптоми на сериозна дехидратација. Истата може да се манифестира и преку дезориентираност, загуба на свесноста, повраќање, пад на притисокот, а во екстремни случаи и престанување на функцијата на бубрезите, па дури и смрт.

Сепак, морате да водите сметка да не внесете премногу течности, бидејќи во тој случај можете да западнете во хипонатремија, која ги има следните симптоми: главоболка која се зголемува, зголемено потење на дланките и стопалата, конфузија, мачнина, повраќање и грчеви во мускулите.



Пијте вода пред, за време на и после вежбањето. Би било добро два часа пред да излезете надвор да испиете половина литар вода. Понесете со себе шише и за време на тренингот пијте 150-200 мл на секои 15-20 минути, дури и да не чувствувате жед. Науката вели дека кога ќе почувствувате жед, значи дека веќе сте дехидрирани. После вежбањето треба да ги надоместите електролитите кои сте ги изгубиле за време на вежбањето преку потењето, што е значајно интензивирано при високи температури.

Вода задолжително и после вежбање

Доколку ја измерите вашата тежина пред и после вежбањето, ќе знаете колкава количина на течност сте изгубиле. Токму таа количина треба да ја испиете за време на вежбањето. Слушајте го вашето тело и штом почувствувате слабост или вртоглавица, веднаш престанете со вежбање.

Период од денот

Внимавајте за време на кој период од денот сакате да излезете за физички да се активирате. Тоа никако не го правете во ударните часови кога е најтопло (од 11 до 18), туку рано наутро или во подоцнежните ноќни часови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби