Заради оваа грешка климата во автомобилот е голем извор на бактерии

Високите температури може да бидат особено опасни кога возиме, со оглед на тоа што во автомобилите е уште потопло од надвор, во периодот од денот кога сонцето најмногу пече. Затоа, климата е вистинскиот спас, но дали ја користите правилно?



Начинот на користење е важен заради заштите на високите температури. Имено, кога моторот не е загреан, кога стоите во место или бавно се движите во колона, не е препорачливо да се вклучува клима уредот, или барем треба да се намали брзината на вртежи на вентилаторот. Тогаш наместете го струењето на воздухот на минимум.

Во спротивно, испарувачот нема да има доволно време да се исуши и тогаш се создава идеална подлога за размножување на бактерии, габички и алергени, по што почнува да се испушта непријатна миризба.

Исто така, постои и опасност од оштетување на клима уредот во автомобилот доколку истиот го користите несоодветно.



Ангел Суарез, инженер во техничкиот центар на SEAT, вели дека една од најчестите гешки која возачите ја прават со клима уредите е претходно непроветрување на автомобилот.

- Доколку ги отвориме прозорите на 30-тина секунди пред уклучување на климата, првобитниот топлотен удар ќе исчезне сам од себе, објаснува Суарез.

Тој исто така препорачува поставување на автоматска програма на клима уредот, со цел ладењето рамномерно да се дистрибуира во кабината, а исто така советува температурата да не се мести под 21 степен, за потрошувачката на гориво да не се зголеми дополнително.

Суарез предупредува дека многу високите температури можат негативно да влијаат на возачките способности.



- Кога температурата во автомобилот изнесува 35 степени, возачот реагира 20 проценти побавно, отколку кога при температура од 25 степени. Тој ризик е еднаков на возење со 0,5 промили алкохол во крвта, вели експертот.

Задолжителен е детален преглед на клима уредот на секои 50.000 поминати километри, при што се испитуваат дури 15-20 операции на целиот систем. Со цел истиот да се сочува, се советува клима уредот да се користи во текот на целата година, па дури и во зима да се уклучува 5-10 минути, барем еднаш неделно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби