9 од 10 лица не се ни свесни дека боледуваат!

Интолеранција на глутен: 6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Интолеранцијата на глутен стана болест на денешницата на која не е имуна ниту една возрасна доба. Со оглед на тоа што отсутноста на можност за варење на глутенот може да доведе и до сериозни компликации, важно е да ги препознаете симптомите и да реагирате на време.



Глутенот претставува дел од белковините кои се наоѓаат во житарките, како што се пченицата, оризот, јачменот и зобот. Но, покрај житарктие, глутенот е составен дел и на бројни производи за широка потрошувачка, како тестенините, разните сосови и додатоци во исхраната, а присутен е и дури во некои кармини за уста.

Болеста интолеранција на глутен се нарекува целијакија. Станува збор за отсуство на можност за варење на оваа состојка, а според последните статистики, се проценува дека 9 од 10 лица кои боледуваат од интолеранција на глутен, не се ни свесни за тоа.

Доколку се сомневате дека и вие спаѓате во оваа група, потребно е да закажете преглед на лекар, со цел да ви се направат потребните дијагностички испитувања.



Еве ги најчестите симптоми на интолеранција на глутен:

- Груба кожа на задната страна на надлактицата. Овој симптом најчесто е предизвикан од недостатокот на фолна киселина и витамин А во организмот, како резултат на што може да се предизвика недоволно разградување на мастите заради оштетувањето на цревата.

- Пречки во дигестивниот систем, подуеност, гасови, дијареа, па дури и затвор. Затворот најчесто се јавува кај децата.

- Вртоглавица, замор, малаксаност и безволност без посебна причина кои доаѓаат до особен израз по консумирање на оброкот кој содржи намирници богати со глутен.



- Хормонален дисбаланс, како силен ПМС, полицистични јајници или необјаснива неплодност.

- Силни главоболки и зачестени мигрени.

- Воспаленија, оток и болки во зглобовите, особено во прстите, колената и колковите.

Доколку препознаете дел од симптомите, испитајте се за присуство на интолеранција на глутен. Во случај да се воспостави токму таква дијагноза, ќе добиете совети за исхрана од лекарот во која оваа состојка е отсутна.



Житарки кои не содржат глутен:

  • пченка
  • елда
  • просо
  • интегрален ориз
  • амарант
  • киноа



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби