Колку и да спиете едноставно се будите и уморни и здрвени во целото тело. Ако сè e во ред со душекот на кој што спиете можеби е време да го свртите вниманието кон позите на спиење што ги практикувате во текот на вечерта.
Спиење на стомак
Ова изгледа како сосема безопасна поза во која повеќето луѓе мислат дека ќе го истегнат рбетот и телото, но во пракса доколку спиете на овој начин ќе го постигнете спротивниот ефект. Кога спиете на стомак не можете да ја задржите природната положба на ‘рбетниот столб, при што се создава засилен притисок врз препоните и мускулите на стомакот. Ова резултира со затегање на мускулатурата и појава на болки во целото тело. Нешто слично се случува и кога спиете со главата потполно свртена на страна од телото поради што доаѓа до затегнување на тетивите и притискање на нервите, па се будите со болка во вратот и неочекувана главоболка.
Фетус поза
Иако станува збор за поза на спиење во која што сме се пронашле сите, сепак лекарите препорачуваат повремено да ја избегнуваме. Спиењето додека телото е свиткано во форма на буквата С сигурно не е најдобрата опција за нашиот организам. Во оваа поза најмногу патат колената и зглобовите кои подолго време се свиткани, а освен тоа може да го отежни и дишењето поради притисокот врз дијафрагмата за време на спиењето.