Размислете на своето здравје

Дали професијата ве разболува?

Готвач, фризер, наставник - без оглед на тоа која е вашата професија од соништата или пак таа што моментално ја имате, вистината е дека мошне ретко размислувате на тоа како она што го работите влијае врз вашето здравје.

Eдна студија објавена во „Journal of Neurology, Neurosurgery and Psychiatry“ покажа дека луѓето кои работат како гробари имаат четири пати поголема веројатност да развијат болести на моторните неврони поради постојаната изложеност на формалдехид.

Сепак, тие не се единствените кои патат од своите професии

Пекари кои тешко дишат

Околу 10 проценти од случаите на астма кај возрасните луѓе се смета дека се резултат од нивните работни места.

-Една од поризичните групи е групата на пекарите, кои го вдишуваат брашното, објаснува професорот Пол Кулинан, кој е консултант и лекар за респираторни органи во Ројал Бромптон болницата во Лондон.

- Брашното содржи протеини кои телото ги препознава како непријателски честички кога се вдишуваат, а тоа пак лесно може да доведе до алергиска реакција на протеини вели тој.

Пекарите кои го имаат овој проблем обично се соочуваат со него во првата година или две, а потоа мора да се откажат од својата работа.

Медицински сестри со проблеми на кожата

Се смета дека околу 1.000 медицински сестри годишно зa време на нивната работа, се изложени на ризик од добивање на дерматитис. Овој ризик е поголем за седум пати од просечните ризици од сите занимања, велат експертите. Честото изложување на сапуни и средства за чистење како и работа која е поврзана со влажни раце допринесува во голема мера за оваа појава. Исто така и честиот контакт со латекс или со хемикалии кои можат да се најдат во заштитните ракавици може да предизвикаат луѓето да добијат алергии кои доведуваат до чешање и осип.

Пилоти соочени со висок ризик од рак

Очигледно да се биде пилот и не е толку идеално како што се претпоставува. Оваа професија вработените може да ги стави во положба каде што има значително поголем ризик за рак на кожата - конкретно малиген меланом, покажува една студија која ја истражува смртноста од професиите, а е објавена во 2009 година.

Некои истражувачи сметаат дека изложеноста на космичкото зрачење - високо-енергетските зраци кои потекнуваат надвор од Сончевиот систем - можат да бидат фактор што придонесува за појава на ова.

Фризери со болни нозе

За оваа група на луѓе не постои ризик само од астма, фризерите се соочуваат и со ризици од појава на други болести, а особено се склони кон појава на болки во нозете.

Како резултат на различните хемикалии и производи што доаѓаат во контакт со нив, околу 70 отсто од фризерите страдаат од проблеми со кожата, особено дерматитис - воспаление на кожата, која ја остава болно црвена, сува и испукана.

Постојаното миење на рацете може да ги одземе природните масла од кожата, правејќи ја сува, испукана и склона кон иритација. Третманите за справување со распуканите врвови пак може да предизвикаат мали исекотини на кожата, кои ги претвораат рацете во лесна мета за инфекција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби