ШИРОКА ЛЕПЕЗА НА ВИТИМАНИ И МИНЕРАЛИ А МАЛКУ КАЛОРИИ!

Козјо млеко: Елискир за добро здравје

Козјото млеко, кое важи за најслично на мајчиното, содржи широка лепеза на витамини и минерали, а ниско ниво на калории. Покрај тоа, нутриционистите ги истакнуваат и неговите лековити својства.

Козјото млеко спаѓа меѓу најздравите намирници, особено кога станува збор за млечните производи. Неговата хемиска структура е неверојатно слична со мајчиното млеко. Затоа, во продолжение прочитајте како козјото млеко може да послужи како природен лек.



Уште од дамнешни времиња, козјото млеко ширум целата планета се употребува не само за исхрана, туку и како помошно средство за лечење на многу болести. Во себе содржи мноштво протеини и богати есенцијални аминокиселини, голем број на витамини, а нема тешко сварливи масти.

Не само што е полесно за варење за разлика од кравјото млеко, туку содржи помалку лактоза, па полесно можат да го поднесат луѓето кои се чувствителни на лактоза.

Потоа, козјото млеко во однос на кравјото во својот состав содржи поголемо ниво на витамини (особено на витаминот Б6), минерали (особено калциум), но и пониско ниво на калории.

Бидејќи оваа намирница е многу блиску до „совршена храна“ и е лесно сварлива, истата е погодна за исхрана на бебињата непосредно кога ќе престанат со цицање. Исто така, она што го прави козјото млеко одлична намирница за бебињата и за децата е тоа што не содржи одреден вид на протеини кои често предизвикуваат алергиска реакција кај децата.



Низ историја на човештово, козјото млеко се препорачува за зајакнување на имунитетот, лечење и зајакнување на белите дробови, како и против туберколоза. Козјото млеко може да биде добар сојузник и во борбата против стресот. Истото во себе ги содржи витамините Б1, Б2, Б6 и Б12, благодарение на кои го зајакнува и нервниот систем.

Во народната медицина козјото млеко се препорачува и за оние со чувствителен желудник, а со оглед на тоа што е богато со силициум, истото позитивно влијае и врз кожата, косата и ноктите.

Да не го заборавиме и козјото сирење, кое е исто така моќно природно средство за зајакнување на организмот и штити од многу болести. Заради сето ова, лековитите својства од козјото млеко лесно можат, а и треба, да ги привлечат и оние кои не го преферираат неговиот мирис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби