5 ЧАСА ИЛИ ПОМАЛКУ

Недоволен сон: Ова се најлошите последици за здравјето

За да може вашиот организам да функционира правилно, потребно е да му овозможите доволна количина на сон. За време на спиењето, телото се регенерира и опоравува, а недоволниот сон може да доведе до многу здравствени проблеми.



Дознајте што се случува со вашето тело доколку спиете по 5 часа или помалку!

Прекумерна тежина

Лицата кои спијат нередовно или пак премногу кратко, се склони кон дебелеење. Причината за тоа се наоѓа во фактот што мозокот, кој не се одморил доволно, му испраќа сигнали на организмот да собере што повеќе енергија за нормално функционирање.



Таа енергија всушност доаѓа од храната, па затоа кога сме хронично уморни чувството на глад е постојано присутно. Докажано е дека доколку сте спиеле недоволно, следниот ден во организмот ќе внесете околу 330 калории повеќе.

Опасност од дијабетес

Нашиот организам е машина која треба редовно да се одржува. Доколку спиете нередовно и прекратко, во телото почнуваат да се развиваат бројни промени. Една од нив е и отежната работа на дигестивниот систем.

Исцрпениот организам не може правилно да ја регулира количината на шеќер во крвта, заради што постои опасност од појава на дијабетес тип 2.

Пад на имунитетот



За да биде отпорен на надворешните влијанија, организмот е потребно да се негува и да му се пружи доволно оружје во борбата против вирусите и бактериите, кои се наоѓаат насекаде околу нас, но и во нашето тело.

Доколку спиете по 5 часа на ден или помалку од тоа, постои поголема опасност да заболите од инфекција или од вироза.

Висок крвен притисок

Телото за време на сонот се ресетира и се враќа загубената енергија, за што му се потребни 6 до 8 часа. Лицата кои спијат 5 часа или пократко многу брзо ќе ги забележат промените. Една од нив е зголемениот крвен притисок, кој со време може да доведе и до срцеви заболувања.

Ментално пореметување



Дали сте забележале дека после лошо проспиена ноќ или недоволен сон најчесто сме мрзеливи, без енергија да го истуркаме денот и сме видно нерасположени? Честото губење на сонот дополнително ги зајакнува ваквите симптоми.

Доколку веќе сте стекнале навика да спиете по 5 часа на ден или уште помалку, таквото однесување може да ве доведе до депресија, како и до други бројни ментални нарушувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби