Необична метода: Решете се од пушењето во сон

Ова навистина звучи како новост од соништата за пушачите кои не сакаат повеќе да му го нанесуваат тоа „слатко зло“ на својот организам!



Доколку сакате да се ослободите од вашата зависност од цигари и да ја оставите таа лоша навика зад себе, тоа може да го направите за време на спиењето, со помош на специјалната „смрдлива“ ароматерапија.

Имено, во новиот научен експеримет, 66-те испитаници во спалната соба биле изложени на чад од цигари. Но, тој добро познат никотински мирис, во втората фаза од сонот бил проследен и со други непријатни миризби, како онаа на расипана риба или расипани јајца.

Како што тврдат израелските истражувачи, на чело со д-р Анат Арзи, оваа метода влијае врз потсвеста на пушачите. И тоа, како што се чини, многу успешно.



Имено, испитаниците веќе следниот ден во просек испушиле 48% помалку цигари, а ефектот траел дури и една седмица по завршувањето на сесијата, кога пушеле барем 34% помалку.

За жал, оваа своевидна „смрдлива ароматерапија“, не функционира кога пушачите се будни. Затоа, оваа метода е проблематична за практикување. Доколку сакате да го испробате овој начин за да се откажете од цигарите, мора да имате покрај себе некој кој 10 минути откако ќе потонете во сон, па на секои 90 минути, да запали цигара и под носот да ви стави некоја дополнителна неподнослива миризба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби