ТЕМНАТА СТРАНА НА СЛАБЕЕЊЕТО

4 неочекувани последици од диетата за кои се молчи!

Губењето на килограми може одлично да делува на вашето здравје, но и на самодовербата. Но, брзите диети имаат и своја темна страна за која не се говори многу често. Ако сте на режим за редуцирана исхрана, еве на што морате да внимавате:

1. Опуштена кожа

Топењето на мастите од критичните места на телото не ве прави веднаш витки. Имено, доколку изгубите многу килограми, можете да завршите со вишок кожа, која поради премалата еластичност може да виси. Кожата ќе биде поопуштена кај луѓето кои за краток временски период изгубиле екстремна количина на килограми, но и постарите луѓе.

Што да направите: Во екстремните случаи можете да се подлегнете на пластична операција за отстранување на вишокот на кожа, но нутриционистите предлагаат вежбање за време на слабеењето и по диетата со цел кожата да биде што позатегната.

2. Депресија

Губењето на килограми обично се поврзува со порастот на расположение и самодоверба, но студијата на University College од Лондон доказа дека луѓето кои ослабеле се подложни на поголем ризик од депресија. Следени биле дури 2000 дебели луѓе во период од 4 години и професорите забележале дека 78 отсто се поголеми шансите од депресија да пријават луѓето кои изгубиле 5 отсто од севкупната тежина. Психолозите истакнуваат дека емоциите често доцнат за физичкото губење на тежината па некои луѓе се чувствуваат фрустрирано и покрај видливите резултати.

Што да направите: Спијте 7 до 8 часа секоја ноќ, јадете здрава храна и редовно вежбајте. Наспани и наполнети со соодветна количина на енергија ќе ви помогне да се спротивставите на сите предизвици пред вас.

3. Губење на љубовта

Некои љубовни парови се одлучуваат на заедничко губење на килограмите со цел да си бидат меѓусебна поддршка и да остварат максимални резултати. Неодамнешната студија од Универзитетот во Северна Каролина покажа дека заедничкото држење на диета доведува до чести препирки. Ако килограми изгуби само еден партнер, другиот често ќе се чувствува предадено и љубоморно.

Што да направите: Искрено поразговарајте со својот партнер, објаснете му што вам ви значи губењето на килограмите и каква поддршка од него очекувате.

4. Болки во стомакот

Луѓето кои брзо губат килограми можат да развијат проблеми со камења во жолчката, што е пропратено со болка во желудникот, мачнини, а понекогаш и жештина. До проблеми во жолчката ќе дојде кај луѓето кои драматично се одрекле од мастите во својата исхрана, која помага при контракција кај органите.

Што да направите: Не одрекувајте се од мастите додека држите диета. Иако се смета за „кршење на диетата“, јадете масти во умерени количини, како што е маслиновото масло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби