„Смртниот грев“ на мајките од кој страдаат бебињата

Сигурно сте ја слушнале изреката „ти си она што јадеш“ и сте се запрашале дали има вистина во тоа. Дека здравјето доаѓа преку устата е научно докажано, а доколку сте бремени или доите, треба да обрнувате уште поголемо внимание на она што го внесувате!



Колку е важна исхраната во бременоста и за време на периодот на доење знае секоја мајка, но за здравјето на самата мајка, но и на бебето, не е доволно само внесување на таблети со фолна киселина и други клучни минерали и витамини за кои телото има зголемена потреба во овој период. Важно е и да се исхранувате здраво.

Сепак, факт е дека многу бремени жени имаат зголемен апетит, но и желба за одредени намирници. Мислејќи дека не е важно колку ќе се здебелат за време на бременоста, тие не само што повеќе јадат, туку и си дозволуваат поголеми „гревови“, како што е уживањето во брзата храна.

Токму затоа, бразилското Здружение на педијатрите „Rio Grande“ објави вознемирувачка кампања во која ги предупредува идните мајки за ефектите на брзата храна и засладените газирани напитоци кои ги погодуваат нивните новороденчиња.

Во ракмите на кампањата објавени се слики од бебиња кои цицаат гради во облик на нездрави намирници, како крофна, хамбургер и газиран сок.

„Вашето дете е она што го јадете“ е слоганот на кампањата која ја дизајнирала маркетинг агенцијата Paim, а чија цел е да ги предупреди мајките на тоа дека можат да им наштетат на нивните деца со диетите или нездравите оброци.

- Вашите навики во првите три години од животот на детето може да го спречи развојот на сериозни болести кај него, препорачуваат од здружението.



Директниот поттик за создавање на оваа кампања се резултатите од истражувањето кое покажало дека нездравите оброци може да влијаат на развојот на рак кај децата во подоцнежна доба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби