Здрави навики заради кои се дебелеете

Доколку се исхранувате здраво и се придржувате до диетите и советите на нутриционистите и упорно се трудите да ги намалите килограмите, но не ги постигнувате саканите резултати, време е да разгледате каде грешите. Имено, постојат одредени навики кои делуваат како здрав избор, но тие всушност можат да го забават процесот на слабеење.



Се фокусирате само на одредени нутриенти

Диетите сиромашни со јаглехидрати или масти се многу популарни, но избегнувањето на една важна група на нутриенти или пак, фокусирањето само на неа, не е идеалната стратегија за слабеење. Истражувањата покажале дека таквиот вид на исхрана нè тера на прејадување.

Строгото исфрлање на јаглехидратите привремено ќе резултира со загуба на килограми, но штом повторно ги вратите во исхраната, ќе ви се вратат и килограмите. Од друга страна, здравите масти се корисни за нашето здравје и нè држат сити, па со нивното исфрлање од исхраната нема да си направите услуга. Идеалната исхрана е разновидна и доаѓа без големи рестрикции.

Ја делите храната на „добра“ и „лоша“

Се чувствувате „победнички“ кога ќе изедете салата од спанаќ, а лошо кога ќе се почастите со крофна? Таквиот начин на размислување исто така не му прави услуга на вашиот струк бидејќи може да ве поттикне да јадете уште повеќе. На универзитетот во Торонто се направило истражување врз испитаници кои биле на диета.



Била мерена нивната тежина и им биле додадени пет „лажни“ килограми. Испитаниците кои инаку се чувствувале лошо кога ќе изеделе „лоша“ намирница, по завршувањето на диетата повторно се свртеле кон нездравите навики и почнале да јадат прекумерно, додека оние кои не ја двоеле храната на добра и лоша и не ги броеле калориите, нормално продолжиле со својата диета.

Ги броите калориите

Слабеењето не е само собирање и одземање. Токму како и фокусирањето на еден нутриент, броењето калории е стратегија која во 95 проценти од случаите доведува до неуспешна диета. Тоа е така бидејќи кога внесувате премалку калории, вашиот организам влегува во „фаза на изгладнување“, метаболизмот ви се забавува и ги согорува мускулите наместо масните наслаги. Кога јадете намирници кои содржат квалитетни нутриенти, не треба да ги броите калориите.

Секој ден консумирате исти оброци

Овесни снегулки за појадок, мешана салата и пилешки стек за ручек, брокула за вечера и така секој ден. Во овој случај повторувањето не е добро. Лимитираното и еднолично мени не е добро за нашето здравје.



Имено, тешко ги контролираме гладот, ситоста и нивото на шеќер во крвта, бидејќи постојано чувствуваме потреба за храна која не ја внесуваме во организмот. По одредено време во кое успешно се придржуваме на истата исхрана доаѓа до големо заситување после кое обично следи прејадување и повторно насобирање на килограмите.

Купувате и јадете само „здрави“ намирници

Едно неодамнешно истражување потврдило дека т.н. фитнес брендирање на намирниците, односно вклучување на натписот „фит“ и „здраво“ на нивното пакување, предизвикува зголемена продажба на тие артикли, како и зголемена косумација. Најчесто, кога купуваме такви намирници, ги јадеме без контрола за количината бидејќи немаме грижа на совест со оглед на тоа што сме уверени дека јадеме здраво.

Следствено на тоа го прескокнуваме и вежбањето, бидејќи мислиме дека во организмот не сме внесле калории кои треба да ги потрошиме. Сето тоа ќе ја забави загубата на килограми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби