Начини на кои може да се заразите без да имате секс

Постојат одредени работи кои ги користиме секојдневно, а кои би можеле да ве доведат во допир со опасни болести, иако делуваат потполно безопасно. Следните 4 предмети се главни преносители на вируси и бактерии и не смеете да ги делите со околината:

Балсам за усни



Балсамот за усни, карминот и цигарите се нешто што треба да го користите само вие и што не смеете да го позајмувате никому!

Крпа за раце



Сексуално преносливите болести всушност се бактерии и вируси кои лесно се размножуваат во влажна средина, односно на влажни предмети, а крпите за раце се само едни од нив. Токму како и балсамот за усни, погрижете се секогаш да имате своја крпа која нема да ја делите со никого. Доколку користите туѓи крпи, постои голема опасност од заразување со трихомонијаза, која е мошне непријатна полова болест.

Солариум



Покрај тоа што го нарушува здравјето на кожата, ова место е идеално за полово преносливи болести. Доколку мислевте дека UV зрачењето во солариумот ќе ги уништи сите бактерии, сте се излажале. HPV, кој е еден до најраспространетите вируси, сосема сигурно ќе преживее, а се пренесува со контакт од кожа на кожа или преку заразен објект. Долната облека во солариумот нема да ви овозможи доволна заштита бидејќи HPV вирусот може да живее и на прстите и на другите делови на телото. Доколку никако не можете без солариум, бирајте ги само оние салони кои се проверени и кои одржуваат максимална хигиена.

Жилет



Колку и да се наоѓате во итна ситуација кога имате потреба од брич, а немате свој туку пред вас се најде оној на вашата сестра, мајка или цимерка, не посегнувајте по него! За време на бричењето, на кожата се создаваат ситни оштетувања и исеченици, кои претставуваат отворена врата за вирусите. Преку крвта која се задржала на површината на жилетот од бричот кој сте го позајмиле од друга личност, лесно можете во својот крвоток да пренесете сексуално пренослива болест, како што е хепатит Б.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби