Важни работи за здравјето кои ги откриваат вашите гради

Женските гради може да откријат многу за разните промени кои се случуваат во вашето тело. Иако тие најчесто се поврзани со одреден дел од менструалниот циклус, како и наглите промени на телесната тежина, некои упатуваат на многу посериозни проблеми.

Проучете ги следните знаци кои се најчести и дознајте го нивното значење!



Нагло зголемување на градите

- Може да значи дека сте се здебелиле. Имено, после пубертет растот на градите се поврзува со зголемување на телесната маса, односно доколку повеќе јадење, помалку сте активни, не спиете редовно или сте под голем стрес.

- Може да значи и наближување на менструацијата, рекација на нови контрацепциски третман или бременост.

Нагло намалување на градите

- Може да значи дека сте ослабеле. Градите се полни со масно ткиво, а со слабеење истото се намалува.

- Намалувањето исто така може да означува дека сте во период на овулација кој доаѓа после завршувањето на менструацијата. Станува збор за нагла промена на хормоните.

Едната града поголема од другата

- Може да означува природна асиметрија на дојките која е вообичаена кај повеќето жени, а која најмногу доаѓа до израз за време на ПМС-от.

- Може да означува рак на дојката. Кога дојката ќе започне значајно да го менува обликот, тоа може да упатува на абнормални промени во ткивото на дојката. Во случај да забележите такви промени, побарајте совет од лекар.



Иритација на кожата под градата

- Може да означува алергиска реакција на материјал, боја за ткаенина или метал, како жицата во градникот.

- Може да означува воспаление на кожата која е честа кај жените со поголеми гради. До воспалението доаѓа кога кожата на градата се трие со кожата под неа, а во комбинација со потењето може да предизвика воспаление.

Топчиња на површината околу брадавиците

- Тие означуваат природни промени на брадавиците. Улогата на градите е производство на млеко, а ситните топчиња означуваат завршетоци на жлездите. Тие за време на менструалниот циклус може да се зголемат и да станат многу поизразени.

Едно поголемо грутче околу брадавицата

- Може да станува збор за циста на дојката. Цистите се бенигни и не се опасни, но треба да ги контролирате.

- Може да упатува на тумор. Промените во внатрешноста на дојката, особено оние кои се видливи со око или кои можете да ги почувствувате на допир, треба веднаш да ги пријавите кај вашиот гинеколог.



Појава на влакна на градите

- Може да биде реакција на препарати или лекови кои содржат тестостерон, кој е машки хормон.

- Може да упатува на синдром на полицистични јајници. Останатите симптоми кои упатуваат на цисти на јајниците се појава на акни и нередовна менструација.

Сврбеж на брадавиците

Може да упатува на алергиска реакција на гелот за туширање, ткаенина или боја за ткаенина. Доколку имате нов градник или облека, задолжително исперете ги пред првото облекување.

- Може да навестува надоаѓање на менструацијата. Понекогаш хормоналните промени во организмот може да активираат сврбеж и чувствителност на брадавиците.

- Може да упатува на карцином на брадавиците. Овој вид на карцином е многу редок, а се појавува заедно со други симптоми како лупење и многу сува кожа на брадавиците, како и жолтеникав или црвенкаст исцедок.



Бел исцедок од брадавиците

- Може да биде предизвикан со стимулација. Со оглед на тоа што дојките служат за производство на млеко, исцедокот од нив кој наликува на млеко е нормална појава и не озчанува нужно болест. Истиот може да биде предизвикан од физички стимуланс заради зголемено ниво на пролактин, кое не е поврзано со бременост и мајчинство.

- Може да биде реакција на лекови. Имено, некои лекови го зголемуваат нивото на хормонот пролактин, кој е одговорен за создавање на млеко. Оваа појава не е сериозна, туку само се работи за нус појава.

Црвенкаст исцедок од брадавиците

- Може да упатува на бениген тумор кој може да настане во млечните канали на дојките. Секако потребно е да побарате совет од лекарот.

Грутчесто и жилаво ткиво во дојката

- Може да упатува на проширени млечни канали – мастопатија. Се работи за најчестата промена во дојките која е безопасна и обично е предизвикана од хормонални промени пред менструацијата, како и од стрес.

- Може да упатува на присутност на циста (фиброцистична мастопатија) или бениген тумор (фибром). Доколку промените стануваат сè поизразени, посетете го гинекологот.



Јазол во дојката

- Може да упатува на циста. Доколку израстокот е округол и „бега“ под притисок од прстите, веројатно станува збор за бенигна циста која може да се појави, а веќе следниот циклус да исчезне. Симптомите на циста во дојките се болка и чувство на прободување, може да се почувствува на допир доколку е блиску до кожата и поголема од 1 сантиметар, а може да стане поизразена пред менструацијата.

- Може да упатува на рак на дојката. Иако повеќето промени на дојките се поврзани со хормоните и менструалниот циклус, тврдиот јазол на дојката не смеете да го занемарите. Доколку почувствувате под прстите маса во дојката која не се менува, веднаш побарајте совет од лекарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби