Откриена вистинската причина за најлошата навика

Грицкањето на ноктите, како и откорнувањето на кожата околу ноктот, обично се смета за знак на нервоза. Но, најновото истражување покажало дека негативните мисли и непријатноста немаат врска со тоа, туку дека станува збор за сосема спротивната причина.



Грицкањето на ноктите е репетитивно однесување, како и отстранувањето на кожата околу ноктите или играње со прамен од косата. Но, оваа навика нема никаква врска со нападите на нервоза и непријатното чувство, туку со нешто многу поедноставно и попозитивно.

До ова откритие дошло неодамнешното истражување спроведено врз 100 испитаници кои биле склони кон грицкање на ноктите. Испитаниците биле ставени во различни ситуации кои во нив требале да предизвикаат различни емоции, како стрес, опуштеност и здодевност.

За да кај нив развијат негативни и непријатни чувства, на испитаниците им биле пуштени филмови за авионски несреќи и природни катастрофи, а потоа ги префрлиле на снимки од природата и животинскиот свет чија цел била да ги опушти. Ниту една од наведените ситуации не ги навела испитаниците да почнат да ги грицкаат ноктите.

Но, кога им задале задачи кои биле најавени како едноставни, но всушност се покажале прилично тешки, речиси сите испитаници за време на размислувањето, ја вратиле нивната лоша навика. Истата работа се случила кога биле оставени во просторија сами, без никакви знаци и интеракција.

Научниците заклучиле дека причината за тоа е перфекционизмот. Имено, во моментот кога личноста која е склона кон грицкање нокти потоне во длабоки мисли, во желба да реши некои проблем или задача, репетитивното однесување излегува на површина. Истата реакција кај нив ја предизвикала и здодевноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби