Што ќе му се случи на вашиот организам ако престанете да пиете алкохол?

Иако знаете дека сте далеку од алкохоличари и само сакате да испиете по некоја чашка од време на време, алкохолот сепак прави хаос во вашиот организам.

Еве што би му се случило на вашиот организам кога би се одрекле од алкохолот на одредено време.



Доколку прерасне во навика, честото консумирање на алкохол може да стане како психолошки, така и здравствен проблем. Затоа мала апстиненција, макар и од време на време, нема да ви биде на одмет.

- Престанокот на пиење алкохол, макар и на неколку недели е многу добра идеја, особено доколку го консумирате во количини кои се поголеми од дневниот препорачан лимит – вели д-р Дејмон Раскин од Лос Анџелес, кој се специјализирал за лечење на зависници.

- Особено доколку пиењето почне да влијае на вашите односи со луѓето, време е малку да намалите.

Еве кои ефекти ќе ги почувствувате кога/доколку престанете да се опивате.

Ќе имате поквалитетен сон



Една студија покажала дека пиењето алкохол пред спиење го зголемува создавањето на алфа-бранови во мозокот, што всушност значи дека доаѓа до пореметување на сонот. Друга студија покажала дека алкохолот им помага на луѓето да заспијат, но и дека го нарушува квалитетот на сонот после почетниот дел на спиењето. Ако се откажете од алкохолот ќе бидете посвежи и поодморени секое утро.

Помалку ќе јадете за вечера

Алкохолот го зголемува чувството на глад. Тоа е затоа што тој ги зголемува нашите сетила. Затоа, после само две пијачки, просечната личност може да изеде до 30 проценти повеќе храна, токолку кога не консумира алкохол.

Ќе ви се зголеми потребата за шеќер

Шеќерот го зголемува нивото на хормонот допамин, кој е заслужен за чувството на среќа. Алкохолот ја прави истата работа. Затоа е возможно, кога ќе се откажете од алкохолот, наеднаш да ви се пријаде чоколадо.

Ќе изгубите килограми



Алкохолот, иако е во течна состојба, има многу калории. На пример, еднен коктел маргарита содржи дури 300 калории, кои доаѓаат воглавно од шеќерот. Исфрлете го алкохолот, но немојте да го замените со слатки и ќе изгубите килограми.

Ќе добиете поздрав изглед на кожата

Само неколку дена откако ќе престанете да пиете алкохол, вашата кожа ќе биде похидратантна. Тоа е затоа што алкохолот делува како диуретик, па заради тоа почесто мокрите. Заради загубата на вода во телото може да се случи кожата на вашето лице да се исуши. Со воздржување од пиење алкохол, водата ќе го врати блескавиот изглед на вашиот тен.

Ќе имате повеќе пари

Пиењето, особено вино, е многу скапа навика. Пресметајте колку трошите на алкохол – би можеле да се изненадите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби