6 начини на кои спиењето ве прави поуспешни

Не чувствувајте вина за времето поминато во спиење – размислете дека без него нема да можете добро да функционирате и да ги постигнете вашите цели.

За некои лишувањето неколку часови од спиењето го поистоветуваат со успех, верувајќи дека колку помалку време се одмараат, толку се попродуктивни. Исто така, многу интернати и универзитетски кампуси ја промовираат идејата дека спиењето е изгубено време.



Сепак, според современите научни истражувања, спиењето всушност го поттикнува вашиот успех на неколку начини. Како физички, така и психички, одморот игра многу важна улога во начинот на кој делувате, размислувате, чувствувате и функционирате.

Иако е многу интересно да се размислува колку повеќе работи би можеле да направиме во денот доколку не ги „потрошиме“ на спиење, поголемиот дел од луѓето едноставно не се способни оптимално да функционираат со ограничено спиење во подолг временски период. Според истражувањето на Тhe National Sleep Foundation, седум часа е минимумот кој е потребен за повеќето возрасни луѓе да се чувствуваат добро одморени и да ги избегнат непосакуваните ефекти од ненаспаноста.

Не чувствувајте вина за времето поминато во спиење – размислете дека без него нема да можете добро да функционирате и да ги постигнете вашите цели.

Спиењето придонесува подобро да го примите знаењето

Како што повеќето успешни луѓе би рекле, еден од најважните аспекти на успехот е постојано да се развивате и да учите нови работи.



Според експертите од Харвард, недоволниот сон го намалува вниманието и мотивацијата и го отежнува примањето на нови мемории, што оневозможува подоцна да се сетите на новите информации.

Истражувањето покажува дека РЕМ фазата и бавниот бран во текот на спиењето се важни за декларативната меморија (фактите), како и за процедуралната меморија („како да“) . Студиите чија цел на истражување била поврзаноста на спиењето и учењето, покажуваат дека сме многу помалку функционални кога се обидуваме да научиме или да се потсетиме на информации во состојба кога сме лишени од спиење, споредено со учење после доволен сон.

Спиењето ја подобрува креативноста

За многу ученици, претпиемачи или луѓе од деловниот свет, креативноста е многу важен дел од успехот. За некои, креативните идеи доаѓаат во состојба на неспиење, меѓутоа, заморот и истоштеноста ја намалуваат фунцкионалноста на мозокот да формира комплексни и нови решенија за одреден проблем.

Една студија од Харвард докажала дека спиењето ја зголемува можноста за 33% за создавање врска помеѓу далечно поврзани идеи, иако учесниците не се чувствувале доволно креативни.

Спиењето го намалува ризикот од веројатни грешки

Кога сте лишени од спиење, времето за реакција, способностите за донесување на одлуки и меморијата се нарушени.

Сите овие фактори заедно придонесуваат за правење на грешки при работењето, што може во крајна линија да доведе до загрозување на работното место и егзистенцијата.

Уште полош е примерот со пилотите. Федералната авијатичка администрација на САД вели дека заморот на пилотите го намалува нивното внимание, точност и времето на реагирање, докажувајќи дека заморот е чест фактор на ризик при големите авионски несреќи.

Во медицинските професии, студиите докажале дека медицинските работници кои работат 24 часа без престан, прават за 36 % повеќе сериозни грешки и за 30% повеќе грешки кои резултираат со смрт на пациентите, за разлика од оние кои работат во смена од 16 часа.

Дури и ако немате професија од висок ризик за животот на луѓето, грешките можат да ве чинат многу пари, време и главоболки.

Спиењето го намалува ризикот за сообраќајни несреќи

Експертите предупредуваат дека после 16 часа будност, вашите способности за возење се значајно намалени, а после 24 часа тие се исти како кај сосема пијан возач.

Исто така, доколку спиете редовно, но недоволно, следниот ден вашите возачки способности се нарушени, па затоа во таков случај оставете ги клучевите од возилото дома и искористете го јавниот превоз.



Спиењето го зајакнува имунитетот

Друга област каде што спиењето влијае врз вашата продуктивност е зајакнувањето на способноста на вашето тело да им дава отпор и да се бори со болестите.

Кога сте лишени од спиење, вашиот имунолошки систем не функционира оптимално. Ова ве прави неотпорни на настинки и грипови, заради што често ќе боледувате, но и ќе ја нарушите вашата продуктивност.

Спиењето ја зајакнува продуктивноста и ефикасноста

Кога сте добро одморени, вниманието ви е оптимално, расположението и мотивацијата ви се посилни, многу сте поспособни да учите и ги запомнувате фактите, а исто така сте и покреативни. Од друга страна, имате помалку изгледи да правите грешки на работа, да доживеете несреќа или да се разболете.

Сите овие фактори комбинирани покажуваат дека доброто спиење придонесува за подобра продуктивност и ефикасност. Во основа, спиењето помага да имате подобра визија за себе - подготвени да ги постигнете целите, да креирте и учите, да развивате решенија и да донесувате комплексни одлуки.



Затоа, доколку настојувате да бидете поуспешни и поефективни во тоа што го правите, не заборавајте да му дадете приоритет на спиењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби