ОМИЛЕНА ХРАНА НА МАЈМУНИТЕ

Што ќе ви се случи доколку јадете по две банани на ден?

Повеќето луѓе денес „немаат време“ за здрава исхрана и попрво посегнуваат по брза храна отколку по здрави намирници, додека според анкетите, овошјето и зеленчукот се многу ниско позиционирани на скалилото на избор на храна.



На научниците и нутриционистите не им е јасно зошто повеќето луѓе во развиените земји прават така со исхраната, кога веќе постојат толку одлични и пред се’ природни намирници, кои можат да ни ги пружат сите потребни материи.

Да ги земеме за пример бананите. Тие им се омилена храна на мајмуните, што не е толку чудно, со оглед на тоа колку се вкусни и хранливи, а покрај тоа, истите претставуваат вистинска ризница на хранливи материи.

Нутриционистите тврдат дека само за месец дена од кога ќе почнете да јадете по две банани дневно, здравствената состојба би требало значајно да ви се подобри.



Еве зошто и како:

- Бананите содржат многу малку натриум, но доста калиум, што е одлично за регулација на крвниот притисок и здравјето на срцето. Научниците воочиле дека секојдневната консумација на банани може да го намали ризикот од срцев удар за дури 40 проценти.

- Доколку имате проблем со дигестивниот систем, како констипација, изедете неколку банани. Тие се одличен извор на влакна, со помош на кои за брзо ќе се ослободите од вашите проблеми со цревата.

- Се чувствувате малаксано и без сила? Бананите ќе ви ја пружат потребната енергија, а се одличен избор и за ужина пред вежбање. Спортистите редовно ги носат во своите торби.



- Бананите се одличен лек и за киселини во желудникот, бидејќи се добар извор за антациди, кои ја регулираат оваа непријатна состојба.

- Доколку на вашиот организам му е потребно железо, бананите можат многу да ви помогнат. Состојките во бананите ги стимулираат црвените крвни зрнца и производството на хемоглобин, со што значајно им помагаат на слабокрвните лица.

- Одлични се против болки во грлото и кашлица.

- Триптофанот е многу важен за телото, бидејќи организмот го користи со тоа што го претвора во серотонин, хормон на среќата. Во бананите го има во големи количини, па затоа кога ќе се почувствувате лошо или ви се чини дека сте на работ на депресија, почастете се со банани.



- Научниците востановиле дека студентите кои јадат банана за појадок, ужина и после ручекот, имаат значајно поголема концентрација. Калиумот од бананите го стимулира мозокот и ги олеснува учењето и помнењето.

- Трудниците треба дополнително да внимаваат на исхраната, а бананите се здрави, вкусни и ги олеснуваат тегобите со кои се соочуваат повеќето од нив. Бананите го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што ви е потребно кога ги чувствувате утринските мачнини.

Секогаш бирајте зрели банани

Потполно зрелата банана ја произведува супстанцата TNF (Tumor Necrosis Factor), која има моќ да се бори против клетките кои се однесуваат невообичаено.



Како што бананата станува позрела, се појавуваат темни точки на нејзината кора. Колку повеќе темни точки има, толку побројни се состојките во неа кои придонесуваат за развивање на имунитетот.

Во тој степен на зреење, бананите се најдобри за дигестијата бидејќи шеќерот од нив тогаш најлесно се апсорбира, за разлика од позелените банани, кои се потешки за варењето на храната бидејќи скробот се’ уште не е претворен во шеќер.

Нивото на состоки со антиканцерогено дејство одговата на нивото на зрелост на плодот. Колку што е бананата позрела, толку поголем антиканцероген квалитет има.



Во истражувањата се покажало дека, во споредба со грозјето, јаболкото, лубеницата, ананасот и крушата, бананите содржат најмногу антиканцерогени материи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби