Опасности на вежбањето за луѓето со прекумерна тежина

Дебелината се вбројува во најопасните фактори за здравјето, бидејќи вклучува проблеми со зглобовите, голем ризик од срцев и мозочен удар, како и прерана смрт.

Иако вежбањето е клучно за намалување на тежината, сепак истото носи одредени ризици кога се во прашање луѓето со прекумерна тежина. Но, ова не значи дека тие не смеат да вежбаат, туку пред да започнат со редовна физичка активност, треба да се консултираат со лекар, со цел да се потврди дека се доволно здрави за вежбање, како и да се утврдат одредени мерки на претпазливост.

Еве со какви проблеми можат да се соочат луѓето со прекумерна тежина при вежбање:

Срцев застој

Кардио вежбите го зголемуваат пулсот и го вежбаат срцевиот мускул, кој со време треба да зајакне. Меѓутоа, ако срцевиот ритам стане премногу висок, кардио тренингот може да предизвика инфаркт, а срцевите застои да предизвикаат аритмија и мозочен удар.

Иако секој може да има срцеви застои додека вежба, кај дебелите луѓе ризикот е поголем. Тие обично имаат повисок крвен притисок, послабо срце и лоша циркулација, што влијае на зголемување на ризикот за срцев застој.

Прашајте го вашиот лекар до колку најмногу ви е дозволено да го зголемите пулсот за време на физички вежби. За многу од луѓето, пулсот треба да биде 220 минус вашите години, но сепак ова може да варира во зависност од степенот на дебелина и целокупното здравје.



Респираторни проблеми

Вежбањето бара да дишете забрзано, а луѓето кои не се навикнати на физичка активност може да го изгубат здивот. Срцевите проблеми, како што се високиот крвен притисок или слабата циркулација - за кои имаат склоност дебелите луѓе – може исто така да го направи дишењето многу тешко.

Доколку имате потешкотии при дишењето, забавете со физичката активност и настојувајте да дишете бавно и длабоко. Или исправете се или шетајте во место. Исто така, не заборавајте да се напиете вода.

Повреда на зглобовите

Зголемената тежина носи дополнителен притисок врз зглобовите, а дебелите луѓе страдаат од таквите проблеми, вклучувајќи го и артритисот.

Одредени вежби, како што е трчањето, се и онака стресни за зглобовите. Во некои екстремни случаи, притисокот врз зглобовите може да доведе до нивно кршење или до повреда на мускулите или лигаментите, а може и да се влошат старите повреди.

Проблеми со кожата

Вежбањето предизвикува нагли движења на вашето тело. Кај подебелите луѓе, ова може да предизвика триење на кожата и нејзино иритирање. Потењето, пак, може дополнително да го иритира ова триење, што може да доведе до рани и габични инфекции.

Со цел да ги спречите инфекциите, носете облека за вежбање дизајнирана да ја впива потта. Исто така, од помош ќе ви биде нанесувањето на талк пудра на проблематичните области, која може да го намали триењето и вежбањето да биде поудобно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби