Зошто спирулината е толку моќна алга?

Поради нејзините многубројни полезности за здравјето, спирулината важи за вистинска супер намирница. Оваа морска алга бурно го освои и Холивуд, каде многу славни личности тврдат дека тајната на нивната убавина и здравје се крие во консумирањето на спрулината. Викторија Бекам, Миранда Кер и Роуз Хатингтон Вајтли се само дел од големиот број на ѕвезди кои се восхитени од ефектите на ова т.н. чудо од морето.



Доколку спирулината сеуште не е дел од вашата исхрана, по читањето на овој текст ќе се чудите зошто уште одамна не сте го направиле тоа.

Што е спирулина?

Спирулината е сино-зелена алга која се консумира со векови наназад поради нејзината хранлива вредност, како и поради голем број на полезни ефекти кои ги има врз нашиот организам. Таа е богата со витамини, минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси, кои го штитат нашето тело. Дополнително, спирулината содржи и други нутриенти, како витамините од Б групата, витамин Е, бета-каротен, цинк, бакар, магнезиум, железо, селен, како и гама линолејска киселина, која е есенцијална масна киселина.

Поради широката лепеза на здрави компоненти, спирулината може значајно да го подобри нашето здрајве. Да видиме како!

Контрола на шеќерот во крвта

Досегашните студии имаат откриено дека спирулината го намалува шеќерот во крвта, а во некои случаи, оваа алга била поефективна дури и од некои лекови за дијабетес.

Зајакнување на мускулите и поголема физичка издржливост

Веројатно вашиот фитнес тренер ви ја спомнал спирулината или ви прочитал нешто за неа во случај да сте му побарале совет за зголемување на енергијата кога вежбате. Сите знаеме за чувството кога, наместо да се здобиеме со нова енергија и да бидеме „освежени“ после вежбање, ние чувствуваме само замор. Овој замор често настанува поради оксидативното нарушување предизвикано од вежбањето. Пстои посебна храна која содржи високо ниво на антиоксиданси кои ни помагаат да се минимизира таквото нарушување. Бобинките, како и одредени видови на овошје и зеленчук се одлични за ова, но сепак спирулината може многу лесно да ја додадете во вашата секојдневна исхрана.



Ефектите кои спирулината ги има врз изведбата на спортистите била поспецифично докажана од грпа на научници од Институтот за хумана изведба и рехабилитација во Грција. Студијата опфатила средно тренирани мажи поделени во две групи, од кои во период од 4 недели едните внесувале по 6 грама спирулина на ден, а другите само плацебо.

Наодите од студијата покажале дека консумацијата на спирулината предизвикува значајно зголемување на изведбата при вежбањето.

Друга студија, пак, покажала дека спирулината ја зголемува силата на мускулите кај учесниците.

Ефикасна против анемијата

Постојат повеќе видови на анемија, но најчесто застапена е онаа при која е намелен хемоглобинот, односно црвените крвни зрнца. Анемијата исто така е придружена од продолжено чувство на слабост и замор.

Ефикасноста на спирулината при спречување на овој вид на анемија, која се нарекува хемолитичката анемија, била потврдена со студија спроведена на Универзитетот во Калифорнија. Во истата биле вклучени 40 возрасни лица кои пателе од анемија. Резултатите покажале дека внесувањето на спирулина го зголемува нивото на хемоглобин во црвените крвни зрнца. Исто така, кај нив било забележано и подобрување на имунолошката функција.

Ги ублажува назалните алергиски симптоми

Алергискиот ринитис претставува воспаление на назалните воздушни патишта предизвикано од контакт со алергени, како што се поленот, животинско крзно, житна прашина и дрги еколошки фактори. Спирулината е популарна метода за третман на алергискиот ринитис, а нејзините позитивни ефекти се потврдени преку студија спроведена на медицинскиот универзитет Eskisehir Osmangazi во Турција.

Во студијата биле опфатени 127 учесници кои добивале 2 грама спирулина на ден. Резултатите покажале дека консумирањето на оваа алга ги подобрува симптомите и физичката состојба, во споредба со плацебо средствата. Спирулината била корисна за олеснување на сите симптоми на алергискиот ринитис, вклучувајќи чешање, кивање, назален секрет и назална опструкција.

Го намалува крвниот притисок

Способноста за намалување на крвниот притисок и холестеролот е едно од најважните докажани полезни дејства на спирулината, со оглед на тоа што високиот крвен пртисок е фактор кој предизвикува бројни болести, вклучувајќи срцев напад, хронични болести на бубрезите и мозочен удар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби