Лимфниот систем ја крие тајната за добро здравје

Дали знаете дека лимфниот систем ги прочистува и филтрира сите остатоци од крв во телото? Ќе ве изненади и фактот дека во нашиот организам има три пати поголема количина на лимфа отколку на крв.

Лимфоцитите, односно белите крвни зрнца се составени токму од лимфа, како што кажува и нивното име, а тие се познати како заштитници на телото од болести и инфекции.



Па, која е улогата на лимфниот систем?

Лимфниот систем претставува „одвод“ на телото. Телото пумпа 90% од крвта и ја враќа во срцето, а останатите 10% кои заостануваат се состојат од лимфа, преку која се движат и пренесуваат сите вируси, бактерии, отрови, клетки на рак и хемикалии.

Доколку лимфата не се движи соодветно, во телото се развиваат разни болести. Имено, лимфниот систем е изложен на илјадници токсини секој ден, вклучувајќи го чадот од цигарите, загадениот воздух, состојките на лекарствата кои ги внесуваме, адитивите во храната, хемикалиите и пестицидите.
Следните симптоми алармираат за бавен лимфен систем:

  • oтечени или подуени прсти
  • болки во телото и вкочанетост
  • чувство на истоштеност
  • запек
  • бледило на нозете
  • отечени гради или болки во секој циклус
  • сува и надразнета кожа
  • зашеметеност
  • ладни раце/слаба циркулација
  • целулит

Доколку се пронајдовте во некои од нив, во продолжение ви претставуваме неколку ефикасни совети кои ги промовира Ајурведата, за тоа како да го „разработите“ лимфниот систем и да го одржувате здрав, со цел истиот да го штити нашиот организам од појава на разновидни болести.

Вежбајте!



На тој начин се поттикнува пумпањето на лимфата во организмот. Запомнете, лимфниот систем нема срце, како што има крвниот. Движењата на мускулите ги стимулираат валвулите во вените, што помага за потиснување на лимфата кон срцето. Исто така, отскокот, кој создава нула гравитација, помага лимфата да се движи кон срцето и помошните лимфни канали. За ова обично е потребно мускулен напор кој притиска наспроти гравитацијата. Со само неколку секунди без гравитација , за лимфата се прави полесен пат за нејзино враќање.

Практикувајте обратни позиции на телото



Обратните телесни позиции, исто така, придонесуваат за поттикнување на движењето на лимфата од долните екстремитети кон срцето .

Што се добива кога ќе се употребат обратните телесни позиции во вежбањето? - Јога.  Taa е позната по нејзиното детоксикациско и подмладувачко дејство на многу лимфни системи. „Жешката јога“, која се изведува при високи температури, исто така помага за забрзување на процесот преку потење. Потењето е силен детоксикат!

Дишете длабоко и правилно

Дишење од дијафрагмата е одличен начин за движење на лимфата кон лимфните канали.

Нашите тела имаат многу повеќе лимфа од крв, така што вежбите за дишење кое се практикува во јогата, како и бавното и длабоко дишење преку денот помагаат за филтрирање на лимфата и нејзино правилно движење.

Исхраната е императив

Задолжително елиминирајте ја пакуваната и обработената храна. Строго избегнувајте генетски модифицирани намирници и пестициди. Јадете интегрална храна и главно внесувајте зеленчук.

Масирајте се наутро сами

Правете движења на рацете и нозете од долу нагоре во круг и целете кон срцето, каде е лоциран лимфниот канал. Лимфата се исцедува токму во тој правец.

Пијте млака вода

Откажете ги слатките пијалаци! Водата врши подмачкување на лимфата и овозможува истата полесно да протекува. Но, водата треба да биде млака бидејќи ладната ја загрозува апсорпцијата.

Редовно одете на масажа на целото тело



Масажите, препорачливо понежните, ја стимулираат бавната лимфа да се движи нагоре кон срцето. Исто така, и стресот може да игра голема улога во слабиот проток на лимфата, па и во тој случај масажата може да помогне. Постојат дури и посебни масажи кои се корисни во отстранувањето на инфекциите со помош на манипулација на лимфата. Запомнете дека лимфниот систем има најимуни клетки!

Консумирајте црвени плодови

Црвените плодови, како калинките, црешите, цвеклото и брусницата, го стимулираат квалитетот на лимфата и се користат во Ајурведа за прочистување на организмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби