8 тајни како да го забавите стареењето

Доколку постојано размислувате на темата како да изгледате млади и свежи на вашите години, верувајте не сте сами. Секој од нас цели кон здрав и младешки изглед. Но, која е неговата тајна?



„Мистериозната тајна“ лежи во следните неколку едноставни совети кој може да си применува секој!

Пијте зелен чај

Оние што пијат зелен чај имаат предност пред оние кои не консумираат пијалаци со висока количина на анти оксиданти, кои го поттикнуваат метаболизмот и во исто време носат други полезности за здравјето, како што е убавата и здрава кожа.

Консумирајте рибино масло

Рибиново масло е познат извор на омега-3 масни киселини, кои имаат анти инфламаторски својства кои се потребни во борбата против знаците на стареење. Консумирањето на рибиново масло, директно или во друга форма, го поттикнува имуниот и го подобрува кардиоваскуларниот систем, го забрзува растот на косата и ја прави вашата кожа да изгледа млада и еластична.

Мачкајте се со сусамово масло



Според експертите, масирањето секое утро со сусамово масло ја хидрира кожата, ги отстранува мртвите ќелии и ја поттикнува циркулацијата на крвта, давајќи и’ на кожата здрав и сјаен изглед. После нанесувањето истуширајте се и нежно истријте ја кожата на телото, за да ги одмиете мртвите клетки од кожата.

Заштитете се од сонцето

Сонцето е одличен извор на витамин Д, но пак, преголемата изложеност на сончевите зраци е штетна бидејќи УВ зраците ја оштетуваат вашата кожа доколку подолго време бидете изложени на сонцето. Затоа, пред да излезете, на кожата нанесете заштитен крем со висок фактор.

Кажете му НЕ на белиот шеќер

Белиот шеќер е познат по тоа што го забрзува стареењето преку тоа што се врзува за колагенот и го ослабува квалитетот кожата, предизвикувајќи предвремено стареење. Затоа, кога ќе ви се пријаде нешто благо, заборавете на колачите и посегнете по некоја вкусна овошка.

Од друга страна, пак, за да се добие мазна кожа, некои експерти препорачуваат нанесување на микс од бел шеќер и нежно средство за чистење на кожата.

Движете се



Со вежбањето, не само што вашето тело ќе биде во добра физичка форма, туку истото му помага на телото да ги исфрла токсините и слободните радикали преку потта , со што се забавува процесот на стареење. Со вежбањето се поттикнува и циркулацијата на крвта, со што се транспортира кислородот во сите делови од телото, придонесувајќи за негово правилно функционирање. Ако повеќе седите, крајно време е да го прометите животниот стил за да изгледате помлади и што е уште поважно, да бидете здрави и витални на долг рок.

Масажа против стресот

Стресот може да биде убиец за кожата, да и го одземе на кожата нејзиниот природен сјај. Поголем стрес значи побрзо стареење. Се појавуваат брчки и фини линии, косата го губи сјајот и вие сте нерасположени и имате чувство дека стресот ви ј одзема сила. Брз начин за подобрување на расположението е масажата. Добрата масажа на телото и рефлексологијата може да нарави чудо. Ако не можете да добиете масажа, можете да медитирате и правите вежби со дишењето околу 20 минути за да го смирите вашиот ум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби