9 начини на кои гледањето телевизија нè „убива“

Сигурно најмалку што сакате е да се здебелите, да ја уништите вашата романтична врска, да ги намалите шансите да забремените, како и да си го скратите животот. Ризикот за сето ова ќе го намалите доколку се држите што подалеку од телевизорот.



Дали сте свесни колку гледањето на телевизија ,посебно повеќечасовното, може да му наштети на вашето здравје и да ви го намали квалитетот на животот? Не е штетно само седењето, туку и она што го гледаме, од влијанието на романтичните ТВ новели врз љубовта во реалниот живот, до рекламите кои прават да посакаме да се здебелиме.

Еве што поточно му правите на организмот кога гледате ТВ:

Може да ви се зголеми обемот на половината

Ова е уште една причина да ги избегнувате рекламите и да гледате помалку ТВ. Имено, повеќето мислат дека се здебелуваме од поминувањето на многу време во седење, но вистината е дека најголемо влијание има маркетингот и рекламите кои се даваат за време на програмата, од кои голем дел се со намера да се поттикне желбата за внесување на нездрави продукти кај гледачите.

Пиењето при гледање ТВ може да го зголеми ризикот за дијабетес

Истражувањето спроведено врз луѓе со висок ризик за дијабетес покажало дека за секој час поминат пред ТВ на ден, се зголемува ризикот за добивање на оваа болест за 3,4 %. Експертите велат дека при гледање ТВ се движиме многу помалку споредено со другите активности со седење, како што е на пример седењето на работа.

Може да ги намали шансите за зачнување

Иако е евидентирано дека гледањето ТВ во кревет може да ја зголеми заљубеноста, експертите откриле дека мажите кои гледаат телевизија повеќе од 20 часа неделно, произведуваат за 44% помала количина сперма од оние кои не гледаат телевизија. Зголемувањето на физичката активност, пак, е придружено со поголема содржина на сперма. Исто така долгото гледање на ТВ е поврзано со зголемен ризик на срцеви заболувања, а кај мажите и со висока стапка на импотенција.



Може да ја загрози врската

Според направените истражувања, колку повеќе верувате во идеалната романса прикажана на екраните, толку помалку можете да се обврзете во реалната врска. Причина за тоа се нереално високите очекувања на партнерите соочени со „цената“ на реалноста, која често може да значи и губење на време или слобода.

Се одложува развојот на говорот кај децата

Според експертите, изложувањето на телевизија или играњето со смарт телефоните кај децата помали од 2 години е значајно поврзано со намалување на развојот на говорот. Се советуваат родителите да не ги вклучуваат телевизорите или да не им дозволуваат на децата под 2 години телевизијата да им станува забава.

Се зголемува агресивноста

Децата се соживуваат со она што го гледаат на телевизија или на видео игрите. Врската помеѓу насилството прикажано во медиумите и агресијата и склоноста кон насилство на гледачот е силна, па дури и посилна отколку врската помеѓу пушењето и ракот на белите дробови. Сите деца не се загрозени на ист начин, но при изложеност на насилство во медиумите, веројатноста е голема децата да го прифатат тоа и во секојдневниот живот и да прераснат во агресивни личности.



Гледањето телевизија изолира

Истражувањата покажуваат дека чувството на осаменост и депресија се поврзани со гледањето телевизија. Имено, зголеменото користење на електрониката придонесува за се’ поголема изолација на поединците или антисоцијално поведение.

Ни одзема време од спиењето

Често ни се случува да се „залепиме“ до телевизорот, екранот на компјутерот или таблетот, па на тој начин си го скратуваме скапоценото време за спиење, како што технологијата продолжува да навлегува во сите аспекти од нашиот буден живот . Еден скапоцен совет за возрасни и за деца: отстранете го телевизорот од спалните соби и не гледајте телевизија ниту на мобилните направи.

Може да ни го скрати животот

Една студија направена со здрави млади луѓе покажала дека долгото гледање телевизија е придружено со прерана смрт. Оние кои гледаат три или повеќе часови дневно телевизија имаат двојно поголем ризик од смрт во натамошниот 8 годишен период, за разлика од оние кои гледаат помалку од 1 час телевизија на ден. Тоа значи дека ако гледате премногу ТВ, можете да умрете порано, па затоа скријте го некаде делечинското и искористувајте го слободното време попродуктивно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби