Чудо од зачин кој го заменува вежбањето

Сите оние кои се трудат да си ги подобрат здравјето и изгледот се свесни дека не постои ништо на овој свет што може да го замени вежбањето. Но, научниците велат дека постои исклучок од ова правило, а тоа е куркумата.

Доколку го немате вклучено овој моќен зачин на вашето мени, можеби тоа ќе го направите кога ќе дознаете каков неверојатен ефект има истиот врз нашето тело и здравје!

Голем број на медицински истражувања одамна утврдиле дека куркумата има извонредни кардиопротективни својства, а студијата објавена во списанието Nutrition Research открила дека полифенолот, кој се состои во овој зачин, е еднакво ефикасен во подобрување на васкуларните функции како и умерената аеробна физичка активност.

Аеробните вежби се сметаат за оние кои се изведуваат со среден интензитет во текот на подолг временски период, а во тоа спаѓа возење велосипед, брзо одење, аеробик, лесно трчање и слично.

Истражувањето траело два месеци и во него учествувале само жени, поделени во две групи. Експертите пред почетокот на истражувањето ја испитале состојбата на васкуларниот систем на секоја од учесничките, фокусирајќи се на ендотелот, тенкиот слој на клетки на површината на крвните садови кој е важен индикатор за артериската еластичност и функцијата на васкуларниот систем.



Испитаничките од првата група изведувале по минимум 4 тренинзи неделно, со времетраење од еден час, под стручен надзор, а испитаничките од другата група не вежбале, но секој ден консумирале по 150 милиграми екстракт од куркума.

По завршувањето истражувањето, воочено било дека редовната консумација на куркумата, исто како и редовното аеробно вежбање, го подобрува ендотелот. Големината на подобрувањето била еднаква и во двете групи, што значи дека токму куркумата во иднина би можела да се користи како средство за спречување на нарушувањето на функцијата на васкуларниот систем.

И покрај тоа, експертите предупердуваат дека вежбањето не треба да се замени со никаков „суплемент“, односно дека во секојдневната рутина треба да ги вклучиме и вебжањето и куркумата, бидејќи така ефектот ќе биде долготраен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби