6 типа на дебелина: Во кој спаѓате и како да го решите?

Науката докажала и дефинирала 6 типови на дебелина, предизвикани од разни фактори. Проверете во која група спаѓате и како да го решите тој проблем.

1. Дебелина од храна

Овој тип на дебелина е најзастапен во светот. Настанува поради прекумерно внесување на храна и шеќери. За да ослабeте треба да го намалите јадењето и да вежбате најмалку 30 минути на ден.

2. Дебелина на „нервозен стомак“

Овој тип на дебелина е предизвикан од анксиозност, стрес и депресија. Луѓето кои имаат „нервозен стомак“ практикуваат често да јадат колачи.

Најважно е да ја контролирате својата анксиозност со физичка активност, која ќе ве ослободи од стресот.

3. Глутеинска дебелина

Обично е присутна кај жените во адолесценција, во менопауза и кај оние со хормонски дисбаланс . Особено е важно да избегнувате долго седење, пушење цигари и консумирање алкохол, а да ги воведете вежбите со тегови.

4. Атерогенетичка метаболичка дебелина

Луѓето чиј стомак често е подуен како балон, акумулираат масти во средишниот дел на телото. Оваа дебелина ги погодува лицата кои консумираат алкохол и имаат проблеми со дишењето.

5. Дебелина поради венска циркулација

Ова е претежно генетски наследна дебелина. Настанува за време на бременоста, како и кај лицата на кои им отекуваат нозете. Решение за ова е поголема физичка активност, како редовно вежбање, трчање или качување по скали.

6. Дебелина од неактивност

Овој тип на дебелина ги напаѓа деловите на телото кои во минатото биле многу активни, кај луѓето кои се занимавале со спорт.

Клучно за елиминирање на овие видови на масти е да не се дозволат долги периоди без јадење, но важно е и да се движите повеќе. На тој начин може да се забрза метаболизмот и мастите побрзо да се изгорат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби