Цвеклото го зајакнува имунитетот

Богатите витамини, минерали и влакната го прават цвеклото вистински еликсир на здравјето. Нутриционистите особено го препорачуваат за здрава исхрана, за чистење на организмот од токсини и за зајакнување на имунитетот.



Ги содржи речиси сите важни минерали – калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, бакар, манган, флуор, јод, литиум, како и витамините C, B2 и B12. Истражувањата покажале дека редовното консумирање цвекло го спречува губењето на минерали од коските и од забите, го забавува стареењето и појавата на артериосклероза, а ја поттикнува и работата на цревата.

Благодарение на бетаинот, го поттикнува метаболизмот, го регулира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол, ги чува крвните садови и ја поттикнува работата на црниот дроб. Со оглед на тоа дека содржи поголема количина на железо и пигмент на антоцијани кој му ја дава црвената боја, цвеклото навистина е корисен и за оние кои се слабокрвни.



Се препорачува и при грип, бронхитис, воспаление на белите дробови и болести на желудникот. Но, цвеклото мошне благотворно делува и врз работата на мозокот и нервите.

По овие придобивки, веднаш појдете до пазар и купете едно цвекло за денешната салата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби