4 jасни знаци дека вашето тело „плива“ во токсини

Веројатно сте слушнале или прочитале за многуте видови овошје и зеленчук, како и диетите за кои се вели дека се добри за детоксикација.

Иако експертите тврдат дека нашето тело е опремено со сопствени механизми за детоксикација, денес лошата исхрана и животниот стил имаат тенденција на зголемување на токсните во организмот и негово спречување успешно да се бори против нив. Исто така, тука е и постројаната изложеност на загадена околина која дополнително придонесува во овој проблем. Затоа, треба редовно да посегнуваме по храната и диетите за детоксикација.



Се прашувате дали и вам ви треба детоксикција? Како можете да знаете дали вашето тело е полно со токсини кои треба да се неутализираат или отстранат?

Следните четири знаци укажуваат на тоа дека во вашиот организам имате премногу отровни материи и дека треба да ги елиминирате пред тие да го ослабат вашето тело!

Често одите во тоалетот



Честото одење во тоалет по мала или голема нужда може да биде знак дека вашето тело плива во токсини и упорно се обидува да ги елиминира. Во нормални услови, ова е доволно телото да ги отстрани некои од несаканите супстанци. Но, ако има премногу токсини кои треба да се исфрлат, на телото му треба помош.

Тоа може да биде со пиење повеќе течности за да се зголеми продукцијата на урина. На овој начин на бубрезите им се помага поефективно да ја филтрираат крвта. Водата, чаевите и природните сокови се вашата најдобра опција. Обидете се да ги отфрлите пијалаците со шеќер, како и оние кои содржат вештачки бои, вкусови, засладувачи и други хемикалии.

Исто така, за да ги отстраните непотребните материи од цревата треба секој ден во вашата диета да вклучите многу овошје и зеленчук богати со влакна. Додатоците кои содржат пробиотици го зголемуваат бројот на добрите бактерии за борба против лошите во дигестивниот тракт.

Здивот ви мириса непријатно

Вообичаено, честичките од храна и бактериите кои што предизвикуваат непријатна миризба во устата се причина за лошиот здив. Понекогаш може и да се случи вашето тело да е полно со токсични продукти кои дигестивниот систем и црниот дроб, едни од главните органи за елиминација, не можат сосема да ги отстранат.

Не открива само вашиот здив што се случува во вас. Често пати и јазикот може да биде обложен со бел слој. Со редовно миење на забите, користење на забен конец и чистење на јазикот може да го отстраните лошиот здив. Со здрава исхрана, пак, треба да им помогнете на стомакот и црниот дроб да работат како што треба. На пример, треба целосно да ја елиминирате нездравата, преработена и брза храна од вашето мени, бидејќи истата придонесува за акумулирање на токсините.

Чувствителни сте на одредени миризби



Доколку носот ви е повеќе осетлив на чад од цигари, парфеми и друго, тоа за вас е можен индикатор дека вашето тело е полно со токсични супстанци. Според докторите, можно е да сте станале преосетливи на одредени мириси поради тоа што црниот дроб и другите органи за елиминација не ги вршат оптимално своите задачи.

Може да речете дека сте пречувствителни на одредени мириси затоа што имате добро сетило за мирис и на крај сепак завршувате со главоболка и нагони за повраќање. Помогнете му на вашето тело да ги исфрли токсините и на тој начин ќе го решите овој проблем.

Не можете да ослабете



На многу луѓе им е тешко да ослабат. Некои од можните причини за тоа се недоволното вежбање, неправилниот избор на храна или хормонални проблеми. Но, дали знаете дека присуството на голема количина на токсини во телото може да биде причина зошто никако не можете да ја постигнете идеалната тежина?

Експертите велат дека одреден вид на отровни супстанци, како што се оние кои ги има во пестицидите, ја спречуваат синтезата на материи во клетките. Најдобар начин да се олесни губењето на тежина би бил поздрав начин на живот, се разбира проследен со вежбање. Со намалување на бројот на токсините во телото, многу полесно ќе ја намалите телесната тежина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби