За неколку секунди откријте дали имате меланом

Меланомот, кој често го нарекуваат тивок убиец, секако спаѓа во болестите на новата ера.

Ако сакате да направите детален преглед на своето тело и тоа од вашиот дом, ви го претставуваме најновото решение за кое ќе ви биде потребен единствено вашиот паметен телефон.



Ако сакаме да бараме некои од симптомите на било која болест, повеќето од нас веднаш одат на Google, после што во главата ни се натрупуваат дополнителни прашања. Таква ситуација се случува и ако го внесете прашањето „како да се препознае меланом“.

Овој многу опасен израсток на кожата во облик на младеж во последно време станува многу честа појава, заради што е наречен болест на новата ера, како и тивок убиец. Токму затоа лекарите прават се за да ја запознаат јавноста со опасностите кои ги носи ова болест.

Еден од многу успешните проекти секако е и оној на фабриката SkinVision, која ја лансираше бесплатната мобилна апликација која може да открие меланом и тоа, како што тврдат, со прецизност од дури 83 насто.

Како што е познато, младежите се сосема вообичаена појава на кожата и речиси сите ги имаат. Но, освен „добрите“, односно безопасни младежи, на кожата можат се појават и „лоши“ израстоци кои се многу слични како обичните бемки, но кои сепак можат да се препознаат.

Доколку забележите одредени промени на кожата или, пак, забележите нова бемка или бемка со необична боја или облик, за да го отстраните непотребниот сомнеж може да ви помогне и апликацијата создадена за смарт телефони.

После симнувањето на бесплатната апликација, со мобилниот телефон треба да ја сликате бемката која ви е сомнителна.

Апликација во секунда на основа на алгоритам го проценува степенот на ризик за малигно заболување и тоа на основа на податоците за обликот, рабовите и бојата на бемката.

Доколку се покаже дека бемката е многу ризична, мобилниот ќе ве предупреди, а на вас после останува што е можно побрзо да закажете преглед кај лекарот.

За да ја симнете апликацијата, кликнете тука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби