Преголемото чистење предизвикува астма и алергии

Западниот свет денес живее во доба на опсесивна чистота, користи антибактериски сапуни, куќни препарати кои убиваат 99.99% од бактериите, се тушира секој ден и непрестајно менува облека, постелнина, крпи....

Но, внимавајте! Научниците предупредуваат дека веќе некое време преголемата грижа кон чистотата предизвикува алергии и астма. Се смета дека микроорганизмите се лоши, но лошо е и цело време да се води огромна грижа за чистотата. Едноставно треба да се воспостави рамнотежа.



Од 19 век, познато е дека некои бактерии предизвикуваат болести, па оттогаш чистотата значајно почна да го подобрува човечкото здравје. Сепак, не сите микроорганизми се лоши. Вистината е дека постојат бактерии кои предизвикуваат смртоносни болести, но повеќето сепак се корисни за нашето здравје.

Во 1989 година, британскиот епидемиолог Дејвид Страхан бил првиот кој сугерирал дека изложувањето на инфекции за време на детството може да обезбеди добра одбрана против алергиите подоцна во животот. Алергијата всушност се развива кога организмот ги перципира безопасните супстанци како голем напад. Нашите тела претерано реагираат на корисните микроби, бидејќи нашиот имунолошки систем заборавил како со нив да живее на раат.

Грејан Рук, епидемиолог на универзитет во Лондон препорачува дека мајките со својата плунка треба да ја исчистат цуцлата која паднала на подот, наместо да му даде на бебето нова, стерилизирана. Оние кои мислат дека кучињата се нечисти препорачува дека токму тие миленичиња може да ги намалат алергиите кај децата. Изложувањето започнува уште при раѓањето, затоа за децата многу е подобро да се родат преку природен пат отколку преку царски рез.



Се поставува прашањето како да се заштитиме од болестите кои се предизвикани од лошите бактерии, а да ги задржиме добрите. Рук на ова одговара дека клучно е миењето на рацете добро и доволно долго, но сите делови на телото нема потреба да се мијат на тој начин. Менувањето на долниот веш секој ден исто така мора да се практикува.

Што се однесува до чистењето на домот, не е важно претераното чистење, туку насоченото и детално, што е многу подобро, смета Сели Блумфилд од Меѓународниот научен форум за хигиена во домот. Ако на кујнската маса се сечка зеленчук, чистењето може да почека, но ако се сече месо и риба – не може. Не постојат научни податоци за тоа колку често треба да се менуваат чаршавите, пижамите и крпите, но таа предлага еднаш неделно. Особено внимателни треба да бидете со кујнските крпи и сунѓери, а по користење на тоалетот мора да се спушти даската.

Децата кои растат во опкружување кое не е опсесивно чисто имаат помал процент на алергии и астма, заклучуваат научниците. Здравиот живот подразбира и изложување на домашни животни и безопасни, но клучни се микроорганизмите во нечистотијата, храната и водата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби