Кој вид на вежбање е најдобaр за крвта?

Ако имате висок холестерол, што е можно побрзо почнете да се занимавате со некоја физичка активност. Неодамнешното истражување во Токио потврдило дека вежбањето поволно влијае на метаболизот на шеќерот, ја намалува дебелината и ги топи масните наслаги, а истовремено го подигнува нивото на добриот (ХДЛ) холестерол, со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.



На Универзитеот Оканомицу во Токио експертите го анализирале односот помеѓу интензитетот и траењето на физичката активност и нивото на холестеролот. Студијата покажала дека со вежбање мора да согорат најмалку 900 калори неделно за да тоа би имало позитивно дејство врз ХДЛ холестеролот. Тоа трошење на калории се остварува со физичка активност која трае околу два часа неделно.

Физички активните лица можат на тој начин да го зголемат својот ХДЛ холестерол за скромни, но сепак значајни 0,07 ммол/л – вели професорот др. Катарина Лалиќ, додавајќи дека тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања кај мажите за 5 проценти, односно за 7 проценти кај жените

Експертите советуват дека најдобри вежби за холестеролот се оние кои ја зголемуваат циркулацијата на крвта низ целото тело, како што се веслањето и пливањето.

Студијата спроведена на Универзитетот во Јужна Каролина покажува дека пливањето го намалува ризикот од срцев удар за 53 одсто, во спореба со трчањето или одмарањето.

Исто така, се докажало дека должината на секоја физичка активност има влијание врз нивото на зголемување на добриот холестерол - на секои 10 минути нивото на ХДЛ холестеролот се зголмува за доолнителни 1,4 мг/дл.

Сепак, не заборавајте да се консултирате со лекар пред да почнете да вежбате.

Пливање



Идеално е за одржување на кондицијата, правилниот развој на сите мускули, опуштање после стресни ситуаци и чување на здравјето. Благотворно делува на психата, кардиоваскуларниот систем и белите дробови, а оваа активност се препорачува за сите, без оглед на полот и годините. Најдобар ефект се постигнува со пливање во утринските и претпладневните часови. Идеална температура на водата за организмот е 25 до 26 степени, а два часа после оброкот пливањето треба да се избегнува.

Крос



Ова физичка активност секогаш е достапна. Не ви е потребна сала или спаринг партнер, доволно е само да имате добри патики и можете да одите во природа. За почеток можете да се определите за лесно трчање или џогинг од 30 минути, со лесно истегнување пред и после активноста. Обрнете внимание, најмалку час и пол пред трчање не би требало да јадете.

Веслање



Во чамец на река или “на суво” во теретана, веслачките движења ги активираат големите мускулни групи и помагаат за обликување на горните и долните делови на телото. Исто така, позитивно вилјаат и на срцето и белите дробови и претставуваат сериозна аеробна вежба. Покрај тоа, со вежбањето на машини за веслање се трошат во просек 600 калори на час. Движењата кои се изведуват се природни и претставуваат најмал можен стрес за зглобовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби