Одговори на најпоставуваните прашања за здравјето

Најпознатиот „лекар“ на светот секако е д-р Google, и покрај тоа што е многу несигурен и одговорите што ќе ги најдете таму не треба да ги земате здраво за готово без да ги проверите. Се разбира, не се работи за вистински лекар, туку факт е дека луѓето често пати за нивните здравствени проблеми „гуглаат“, наместо да одат да посетат стручно лице. Оваа компанија ги објави најчесто поставуваните прашања поврзани со здравјето изминатата година, а ние ви ги даваме одговорите.



Дали е бронхитисот заразен?

Одговор: И да и не

Бронхитисот (кој може да биде акутен или хроничен) најчесто го предизвикува бактерија, но нему му претходи настинка - која ја предизвикува вирус на горните дишни патишта. Респираторниот вирус секако може да се пренесе - но тоа не значи дека ќе добиете бронхитис. За тоа да се случи, потребно е инфекцијата да се спушти на белите дробови, а доколку на време почнете со внесување на повеќе течности и со мирување, тоа можете да го избегнете. Кај луѓето на кои белите дробови и така им се загрозени, многу полесно доаѓа до спуштање на инфекцијата во нив.

Просто кажано – настинката е заразна, а доколку не се лечи на време, тоа може да доведе до инфекција на белите дробови, што резултира со бронхитис.

Дали воспалението на белите дробови е заразно?

Одговор: Да


Станува збор за инфективно заболување на белите дробови, кое ги зафаќа алвеолите и просторот меѓу нив. Бидејќи најчест предизвикувач е бактерија, доколку дојдете во контакт со лице кое има воспаление на белите дробови, постои можност и вам да ви се пренесе таа бактерија - сепак, тоа не значи дека тоа задолжително ќе се случи, бидејќи вашиот имунолошки систем (доколку е доволно силен и не е “начнат” од некоја настинка) - може да се избори со неа. Причината може да биде и вирус, кој исто така е заразен.

Колку вода треба да пијам?

Одговор: Околу 8 чаши



Иако не постои универзален одговор на ова прашање, бидејќи потребата за вода е индивидуална работа и зависи од тоа колку килограми имате, колку сте физички активни во текот на денот, дали можеби имате температура или доите - генерално не би требало да пиете помалку од осум чаши (околу два литра) вода на ден. Битно е да се нагласи и дека водата не е единствен начин да го хидрирате организмот – тука се и незасладените чаеви, како и овошјето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби