Колку работи знаете за вашите трепки?

Кога се шминкаме, секогаш се фокусираме да ги издолжиме и згустиме трепките колку што можеме повеќе, со цел да ги истакнеме нашите очи. Трепките, влакна кои ги обрабуваат капаците на нашите очи, не само што ја истакнуваат нивната убавина, туку пред сè имаат многу важна функција.



Ги заштитуваат нашите очи

Трепките се заштитници на очите од штетните честички во воздухот, прашина и песок. Тие помагаат да се отстранат овие честички да не влезат во окото. Исто така тие ги штитат нашите очи од влагата, како што е потта или дождот. Тие се штит на очите против силната сончева светлина и ја филтрираат кога ни свети во очи..

Служат како мустаки

Трепките имаат иста улога на сензори како што имаат мустаките на мачките. Овие тенки влакна се чувствителни на допир и ве предупредуваат дека можно е во близината на вашите очи да настане опасност. Ваквата опасност може да бидат мали инсекти, прашина или отпадоци. Тие испраќаат сигнали до очните капаци кога треба да се затворат за да го заштита окото од повреда. Тие се првата линија на одбраната.

Тие се целосно составени од протеини

Нашите трепки содржат 97% кератин и 3% вода. За да ви бидат силни, во вашите средства за трепки треба да има биотин, познат како витамин Х. Овој витамин се наоѓа и во следната храна: пилешко, јајца, бадеми и интегрални житарици. Како додаток земајте и витамин Ц бидејќи есенцијалните антиоксиданси кои ги има во цитрусите, помагаат влакната да ја добијат целосната должина и да штитат од повреди.



Имаат краток животен век

Овие мали влакна имаат краток животен рок - околу 90 дена, односно 3 месеци. Секој ден просечно паѓаат од едно до пет влакненца. Но, не грижете се, нема вашите очи да останат незаштитени бидејќи паднатите влакна се обновуваат - за четири до пет недели постигнуваат целосна должина.

Растат како и другите влакна

Бидејќи трепките се влакна, тие го поминуваат истиот циклус на растење – анаген фаза (активен период на растење), катаген фаза (транзициски период) и талоген фаза (период на одмарање). 90% од нашите влакна се во активниот период на растење, за околу 16 милиметри месечно. Кога паѓа влакно од трепките, на негово место веднаш расте друго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби