„My UV Patch” лепенка за мерење на UV зрачење

Компанијата L’Oreal претстави лепенка која, преку мерење на UV зраците на кои сте биле изложени, ќе ви „каже“ кога да олабавите од сончање, пред сериозно да си го загрозите здравјето.

Како што е добро познато, ракот на кожата предизвикан од изложување на UV сончевите зраци е најзастапената форма на рак во US, па и во светот. Меѓутоа, изложувањето на сончевите зраци преку кои што го апсорбираме витаминот D е исто така важно за нашето здравје, па е потребно да се направи правилен баланс.

Решението од L’Oreal доаѓа во облик на лепенка (тенка колку влакно) која во себе содржи електроника која преку фотосензитивни сензори го мери изложувањето на UV зраците и потоа тие информации ги праќа на мобилната апликација на вашиот уред.

За што поточно анализирање, лепенката е потребно да се носи најмногу до 5 дена.

Во зависност од вашата изложеност на штетните зраци, апликацијата ќе ви понуди препораки ( и ќе ве едуцира) што да правите понатаму.

Сега за сега лепенката е во бета форма, а се планира ова лето да биде лансирана во 16 земји и тоа бесплатно, под брендот на L’Oreal за дерматолошка нега, La Roche-Posay



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби