Карито го чува мозокот и штити од грип

Ако сакате што подолго да останете здрави, треба најмалку два пати неделно на вашето мени да се наоѓа храна зачинета со кари, покажуваат бројните истражувања. Во индиската кујна, карито е задолжителен додаток кој се користи не само поради добрата арома, туку затоа што е еден од најмоќните природи лекови.



Се работи за мешавина со карактеристичен мирис и пикантен вкус, кој се состои од 5 до 30 различни видови зачина. Главната состојка е темно жолт прав од коренот на куркумата кој се вари, се суши, се лупи и на крај се меле. Покрај куркумата се додава и кардамом, ким, коријандер, пиперка, морско оревче, каранфилче, цимер, ѓумбир, црн пипер, лук, анасон...

Карито има бројни варијации, може да биде благ или изразито лут. Во Индија домаќинките го подготвуваат посебно, а кај нас се купува готов. Ефикасно го поттикнува лачењето на желудников сок и го регулира варењето, ги смирува иритираните црева и ја поттикнува работата на црниот дроб. Во овој период, кога грипот зема замав, се препорачува да се консумира и со салати и други јадења. Исто така, добар е и за консумација по операции, делува антиоксидансно, па се препорачува и за лечење рани, чиреви и кожни проблеми. Антиоксидансите го спречуваат и развивањето на Алцхајмеровата болест, а на личностите кои имаат блага деменција им помага да ги зачуваат когнитивните функции.



Истражувањата спроведени во еден центар за рак во Ирска, покажуваат дека личностите кои често го консумираат карито се заштитени од туморите. Научниците ги третирале клетките на рак со куркумата извадена од карито и утврдиле дека по 24 часа, малигните клетки биле уништени. Од друга страна пак, клетките кои преживеале почнале самите себе да се уништуваат. Токму тие истражувачи ги советуваат лекарите кои се занимаваат со оваа проблематика, да обрнат поголемо внимание на состојката куркума и истата да ја искористат. Ова е важно за различните видови на тумори, особено на карцином на јајниците, од кои во светот годишно умираат дури половина милион личности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби